Ставовите на уругвајскиот претседател Хозе Мухика за општеството

Откако во 2013 година, Хозе „Пепе“ Мухика стана претседател на Уругвај, јавноста го препозна како личност со невообичаена искреност, силен говор и смел лидер кој своите идеи досега ги претвораше во акција, пишува mic.com.

Тој исто така доби меѓународно признание за своите прогресивни политики и едноставна презентација, по што доби интернационална слава дека е „најсиромашниот претседател во светот“.

Мухика живее со својата сопруга во мала фарма заедно со уште голем број кучиња, меѓу кои и Мануела родена со три нозе. Тој 90 проценти од својата плата ја донира во добротворни цели, а е познат и по унапредување на политиките за легализација на марихуаната и истополовите бракови.

Кога станува збор за револуциите и бунтовите тој во една прилика изјавил:

„Сум видел пролет која завршувала како страшна зима. Ние луѓето сме стадо. Ние не можеме да живееме сами. За нашите животи да бидат возможни, ние зависиме од општеството. Една работа е да се поништи владата или блокираат улиците . Но, друго е да се создаде и да се изгради подобро општество, она на кое му е шотребна организација, дисциплина и долгорочна работа. Да не ги помешаме двете.Сакам да биде јасно:.. Се симпатизирам со младешката енергија, но мислам дека тоа не води никаде, ако не стане позрело”.

Кога тој бил запрашан за спротивставувањата за легализација на марихуаната тој одговорил:

„Тоа секогаш било така со промени. Во 1913 година ние го воспоставивме разводот како право на жените во Уругвај. Знаете што велеа тогаш? Семејствата ќе се распуштат. Тогаш се случи крајот на добрите манири и општеството. Секогаш имало конзервативно и традиционално мислење дека постои страв од промени. Кога бев млад и кога ќе отидев да танцувам на баловите, моравме да носиме костуми и вратоврски. Инаку, тие не би не пуштиле. Не верувам дека некој се облекува за забави денеска“.

Во врска со глобалната потрошувачка вели дека може речиси се да се рециклира. Според него, ако живееме во рамките на нашите средства, претпазливо, седум милијарди луѓе во светот би можеле да имаат се што им е потребно. Тој смета дека глобалната политика треба да се движи кон таа насока.

Во едно интервју за бразилски медиум тој беше прашан за абортусот и истополовите бракови. Тој одговори дека примениле едноставен принцип.

„Препознавање на фактите. Абортусот е стар колку и светот. Геј браковите, ве молам – тоа е постаро од светот. Ги имавме Јулиј Цезар, Александар Велики. Да се каже дека тоа е модерно, ве молам, па тоа е постаро од нас. Тоа е објективна реалност која постои. За нас, да не го легализираме тоа би значело дека ги измачуваме луѓето непотребно“.

За својата скромност во канцеларија вели дека политичарите штом ќе почнат да се качуваат по скалите, тие одеднаш стануваат кралеви.

„Не знам како функционира, но она што го знам е дека републиките се создадоа е за да се осигура дека никој не е повеќе од некој друг“.

За него раскошот во канцеларијата е нешто што останало од феудализмот.

Мухика во една прилика рекол дека не е најсиромашниот претседател во светот. Најсиромашен е оној кому му е потребно многу за да може да живее. Неговиот начин на живот вели дека е последица на негови претходни рани. Тој вели дека некогаш бил среќен што има барем душек. Тоа што 90 проценти од својата плата ги донира вели дека не е жртва, туку негова должност. Тој не го менува својот живот само поради тоа што е претседател.