Животот во комунистичка држава со контролирачки диктатор како лидер не е секогаш само загушливо и опасно раскажува младата Жу Јанк, која пребегала од Северна во Јужна Кореја во 2010 година. Таа неодамна на Reddit ја објави својата приказна, а потоа ѝ поставуваа прашања за сè што вообичаено не се кажува за Северна Кореја.
„Во Северна Кореја е многу тешко да ја дознаеш временската прогноза поради честиот недостиг на струја, за разлика во Јужна Кореја. Со семејството измисливме приказна дека татко ми починал на море и дека мајка ми и некои членови од фамилијата отишле да го побараат. Така што јас бев оставена сама на себе во куќата, но тајната полиција дојде да ми поставува прашања. Се држев до приказната и кажав дека моите родители се разделиле. Знаев дека тајната полиција ги користи соседите за да го следат моето однесување, но јас се преправав дека не забележувам и продолжив да го водам мојот живот“.
За нејзиниот премин од свет каде има многу малку од денешната светска технологија во свет каде интернетот ја поврзува со луѓе и информации од целиот свет, таа вели дека е како пристигнување во модерниот свет со временска машина.
„Имаше многу работи кои јас не ги знаев, но учењето на една по една работа беше навистина интересно. Дури и пишување на компјутер беше навистина ново и интересно. Оттогаш, поминаа три години, но се уште има куп нови работи.
„Кога пристигнав во Јужна Кореја се почувствував како да можам секојдневно да ја јадам онаа храна што во Северна Кореја се јаде само на специјални пригоди“.
На прашањето што било најтешкото на кое морала да се прилагоди и како го доживеала фактот дека пропагандата на Демократката Народна Република Кореја била неточна, таа вели дека постоеле многу културни шокови на кои требала да се навикне и да ги разбере, како на пример со тоалетите и користењето на електронски картички за метро, ескалатори, лифтови и слични работи.
Јанк кажува дека луѓето во Северна Кореја веруваат во Ким Јон Ил, неговиот татко и дедо исто како луѓето кои веруваат во Библијата. Тие ги учат децата дека нивниот лидер има натприродни моќи. Иако како растат луѓето сфаќаат дека таквите приказни немаат смисла, сепак мора да ги знаат ако сакаат да ги поминат тестовите во училиште.