[Став] Зошто технологијата не е решение за светската сиромаштија

Во Советскиот сојуз чуден култ наречен биокосмизам сметаше дека технологијата со текот на времето ќе создаде сѐ што било ветено од старите религии: реинкарнација, бесмртност, крај на сите страдања. Истата верба изгледа ја делат светските елити, кои се собраа во Давос, Швајцарија неделава на Светскиот економски форум.

Давос е ден за бегство на глобалниот капитализам, каде еден посто од светот изразува грижи за сиромаштијата и климатските промени, додека планира како да го задржи сѐ порасклиманиот статус кво. Оваа година, форумот се фокусира на „четвртата индустриска револуција“ – улогата која дигиталната технологија ќе ја игра во повторното создавање на нашиот свет.

Тоа е така бидејќи „Човекот од Давос“ има проблем. Самиот систем кој му овозможува да акумулира огромно богатство го зголемува незадоволството и осиромашувањето. Како што ни покажа истражувањето на Oxfam, 62 лица имаат поголемо богатство отколку половина од светското население. Дури и во самото срце на системот, во САД и Европа, огромни делови од населението немаат никаква верба во институциите кои го водат општеството.

Решението за „Човекот од Давос“ е технологијата. Технологијата ни овозможува да одгледуваме повеќе храна, да ги забавиме климатските промени, да ги обезбедиме сите наши енергетски потреби, да го заврши нашето страдање. И најдобро од сѐ е што, за „Човекот од Давос“, ова се случува без да го предизвика статус квото од кое произлегуваат многу нешта. Не е ни чудо што тоа е тема на неделата.

Bill Gates е отелотворение на „Човекот од Давос“: претприемнички гениј кој искрено се грижи за планетата и многуте сиромашни луѓе на неа. Најбогатиот човек на светот буквално не може да ги даде своите пари доволно брзо, бидејќи неговото богатство расте за неколку милијарди долари секоја година, што е симптом на економски систем изопачен од интересите на најбогатите.

Како што изминува неделата, ќе слушнеме многу коментатри кои сметаат дека би било подобро „ако повеќе милијардери беа како Bill Gates“. Кој сака да се сомнева во неговото тврдење од минатата година дека ако продолжиме вака „речиси и нема да има сиромашни земји до 2035 година“? Во нивната желба да веруваат, овие коментатори едвај ја преиспитуваат легитимноста на огромната моќ која корпоративните лидери како Gates ја имаат над светот, или визијата за свет во кој технологијата може да ги реши нашите проблеми.

Легитимно е дека најбогатиот човек на светот има толкава моќ што, на пример, може да носи глобална земјоделска политика. Како што призна UBS неделава, иако технологиите кои штотуку треба да се истражуваат теоретски можат да обезбедат изобилство за сите, моќна на еден посто значи дека тие технологии само ќе ја зголемат нивната сила.

Тоа можеме да го видиме во „хуманитарните“ проекти на Gates. Неговата фондација е 12-тиот најголем придонесувач за помош на светот, која троши повеќе од Канада, Белгија, Данска или Италија. Во центарот на визијата за „развој“ на Gates, големите бизниси ќе развиваат нови технологии со кои ќе уништуваат.

Земете го за пример земјоделството. Фондацијата на Gates е најголем финансиер на истражувања на генетската модификација во светот. Лобира за интензивни методи на одгледување во кои има разни хемикалии и приватизација на дистрибуцијата на семиња. Пак и пак, овие „решенија“ се покажаа катастрофални за малите фармери, овозможувајќи им на големите играчи ефективно да го контролираат целиот систем на храна. Исто така, ги зголемуваат глобалните емисии на јаглерод и го влошуваат глобалното затоплување.

Но, токму тоа го сакаат големите компании. Всушност, помошта на Gates понекогаш изгледа како да е смислена да им помогне на агробизнисите да развијат нови пазари – како проектот со земјоделскиот џин Cargill кој помогна да се развие бизнисот на одгледување на соја во Африка.

Тоа не е теорија на заговор, туку е едноставно начинот на кој „Човекот од Давос“ верува дека функционира светот. Големите компании измислуваат корисни нешта и придонесуваат за развојот. Ако им помогнеме, на сите ќе им биде подобро. Вистинските решенија – предизвикувањето на моќта на корпорациите и создавање на подемократски решенија – се кријат под килимот.

Култот на технологијата е корисен за најмоќните луѓе на светот. Но, ако останатите од нас  всушност сакаат да созададат подобар свет, треба да гледаме подалеку од зборовите на „Човекот од Давос“ и да ја предизвикаме неговата моќ.

Пишува Nick Dearden, директор на Global Justice Now, за Independent