[Став] Зошто не треба да ги штитиме тинејџерите од контроверзни теми во литературата

Има одредени теми – секс, алкохол, дрога, насилство – кои палат пламени и притискаат копчиња. Како да пишувате за нив за младата публика?

Има еден цитат од блогер во неговата рецензија за мојата книга, „Кук“. Одговор на ризичните и понекогаш илегални постапки кои ги прават ликовите во неа. Поставена во светот на сурфери од Корнвол, „Кук“ е книга за младо момче (Сем), кој се заљубува во девојка која е неволја во секој поглед. Џејд е опседната со тоа да сурфа на најголемиот бран кој може да го најде, најскоро што може. Без разлика дали е подготвена или не. А, тоа е само дел од тоа што Џејд и нејзината екипа го прават. Не е само сурфање. Има тепање, рејвови, пиење, проблеми со полицијата.

Сето тоа покренува прашање за тоа колку треба да се покажуваат вакви нешта во литература за постари тинејџери. Како да пишуваш за тоа? Уште поточно – треба ли да пишуваш?

Според мене, да. Овие работи се дел од тинејџерското искуство. Тоа ги прави не само валидни поенти за кои треба да се пишува, туку и нешта кои треба да се проучат. Бидејќи овие нешта се случуваат. Ова се нешта кои младите луѓе ќе ги доживеат и ќе треба да формираат погледи за нив, без разлика дали се активни учесници или не.

Сакав да пишувам за позадината на младите и животот на крајбрежјето надвор од туристичката сезона: како овие тинејџери реагираат на него, и креативно и деструктивно. Живеејќи во рурални подрачја, младите можат да се почувствуваат отуѓени. Престари се за младинските клубови, премлади за пабови и клубови, а без деконцентрациите на урбаниот живот, не се наоѓаат себеси никаде. Затоа бараат симулација, некој начин на кој можат да ја потрошат таа енергија. Бидејќи горат од неа. Како и од љубопитност и храброст. Сето тоа се добри карактеристики. Но, може да станат опасни доколку подгорени од досадата.

Затоа, младите луѓе можат, а најчесто и наоѓаат, свој начин да се справат со тоа дека пораснале. Можат да најдат, или наоѓаат – неволја. Или пак прават бељи.

Во „Кук“, има еден мотив кој постојано се појавува – графит на кој е прикажана Црвенкапа, со кошница полна со спреј, како црта на ѕид. Ја испишува пораката „Стравот прави волкот да изгледа поголем“. Се обраќа на тинејџерите кои се соочуваат со стравови и ризици. Тоа е нешто што тие треба да го прават, но не се се уште способни (делот во мозокот кој соодветно реагира на ризик не се развива се додека не наполниме околу 20 години). Зборува и за справувањето со растењето. Тинејџерите наоѓаат свој начин. Во Кук, тоа е да се сурфа на легендарниот гребен Роговите на ѓаволот.

Да се прикаже сето ова е во ред. Она што е можеби поконтроверзно е да се покаже колку ова може да биде забавно, колку е привлечно. Во Кук, се се врти околу девојката. Сем е привлечен кон Џејд. Но, и кон животот кој таа го нуди, возбудата која ја немал во неговиот претходно урбан живот посветен на учење. Нешта кои не ни знаел дека ги пропушта, се додека не ги искуси.

Второто прашање е како да се пишува за теми исполнети со опасност и возбуда.

„Кук“ е книга за учењето како да се сурфа, привлеченоста кон опасни нешта, да се биде во опасност и далеку од самоконтрола. Но, тоа би била еднодимензионална книга ако сурфањето е единствена метафора за овие теми, и единствен начин на нивно истражување. Има одредена количина на дрога, насилство и кршење на законите. Ова не е ново во литературата, ниту во книгите за младинци. Тоа е традиција, од „Пеколен портокал“ до Мелвин Бурџис, Кевин Брукс, Луси Кристофер, Стивен Чобски и Шерман Алекси.

Сепак, со оваа традиција, размислив ли два пати пред да го вклучам сево ова во книгата? Секако дека да. Всушност, мислам дека може да пишувате за се во книгите за тинејџери. Но… (овде земам длабок здив, бидејќи се ежам од идејата за „водичи“ за автори), морав да си поставам себеси некои правила:

Реализам – Дали се ситуациите во кои ликовите се во контакт со секс, алкохол, дрога, насилство итн, веројатни? Дали се дел од шаблонот на животите на ликовите, и дали нивната инклузија ја движи приказната на некој начин?

Не биди непромислен или преексплицитен – Многу може да се заклучи. Имагинацијата е моќна. Емоционалната вистина и влијанието се целта, не шокот.

Прикажи ги последиците – алкохолот и дрогата можат да уништат животи, опасните дела можат да доведат до повреда или смрт.

Покажи комплексност – Ако ги покажуваш влијанијата (да, и привлечноста) на опасните или илегалните дела, не ја слави самата активност. Но, не го осудувај ликот исто така.

Прикажи го главниот лик одблизу – Тој може да научи нешто само преку искуство, преку одлучување за себе, без оглед на збунувачките и конфликтни притисоци од медиумите, училиштето, родителите и пријателите. Да, и користи ги своите сопствени сеќавања (тоа и го направив, всушност пишувањето беше киднапирано од нив, се соединија и измешаа во делови од приказната).

Секако, проблемот во истражување на било која од овие теми е дека се полни со опасноста на погрешното толкување. Ова се теми – особено дрогата – кои поттикнуваат тоа да се проба. Има опасност дека ако ги проучувате овие теми воопшто, луѓето претпоставуваат што всушност мислиш. Веруваат дека ти велиш нешто, но не е така. Ти пишуваш приказна. Има аргумент дека ако ги проучуваш, но не и осудуваш тие теми, мора да ги поддржуваш. Но, тоа е погрешна логика. Тоа е роман, а не полемика.

Мора да им дадеме на читателите тинејџери признание за тоа што ја знаат разликата меѓу вистината и фикцијата, погрешното и исправното, безбедното и опасното. Фикцијата е всушност добро место за младите луѓе да ги проучат овие теми и да најдат мислење за нив. И не секогаш преку филтер полн со вампири и научно-фантастична дистопија.

Сакав да покажам еден куп искуства и последици. Луѓе кои се забавуваат, секако, но често и како добрите времиња стануваат лоши, и последиците на тоа да се биде вон контрола.

Сето ова е „Кук“. Доброто, лошото, грдото, забавата, привлечноста, подемите и падовите. Да скратам: сакав само да бидам искрен за нешта кои навистина се случуваат. Но, и да ги покажам последиците.

Пишува Крис Вик, автор на литература за млади, за Guardian