[Став] Врсничкото насилство како вознемирувачка појава во училиштата

Единствена форма за да се соочат со овој проблем, а ова важи за сите држави без оглед на нивниот социо-економски развој, е реализирање на постојани кампањи за подигнување на свеста кај учениците, училишните авторитети и родителите за последиците кои ги има оваа појава, пишува Виолета Зефи во колумна за „Рес публика“. 

Врсничкото насилство (булинг) не е некоја нова појава. Се цени дека оваа појава сега веќе не е предизвик само за една држава или само за одреден регион. Димензиите на овој феномен се глобални.

Конкретно, овој тип насилство веќе станува вообичаен феномен во училиштата. Во годините по 1970 година, булингот започна да се проучува на научна основа, сметајќи го како насилно однесување и со сериозни последици за жртвата. Како резултат на тоа, прашањето на булингот секогаш поттикнува дебата, но истовремено и спротиставувања во професионалните кругови на психолозите. Но, треба да се знае дека, освен професионалците и други чинители, како што се училиштето или родителите, се многу значајни учесници во адресирањето на оваа појава.

Повторено агресивно однесување

Булингот се дефинира како појава кога еден ученик/ученичка доживува насилство, или пак кога е виктимизиран, и постојано, а и долго време е изложен/изложена на негативни дејства од страна на еден или повеќе ученици. Под негативни дејствија се подразбира широк спектар на однесување, почнувајќи од не-вербални напади, до посериозни физички напади. Значи, булингот се дефинира како повторено агресивно однесување, карактеризирано со дисбаланс на моќ, чијашто главна цел е нанесување на штета кај другиот/другите.

Најчестите видови на булингот кои ги доживуваат учениците/ученичките се: директен булинг, индиректен булинг како и кибернетскиот (сајбер) булинг (cyberbullying). Во рамките на овие категории постојат вербални, физички, или социјални форми во релациите.

Директен булинг е комбинација на вербален и физички булинг. Индиректниот булинг главно е вербален и тој, честопати, се сретнува во училиштата. Пример за такво однесување е кога некој ученик/ученичка проширува лажни информации за друг ученик/ученичка со цел да го/ја понижи или да и/му наштети.

Друга форма на булинг се појавува како резултат на употребата на технологијата, а тоа е кибернетскиот булинг. Оваа форма на булинг се појавува кога учениците користат разни он-лајн платформи, како и-мејловите или социјалните медиуми, за да напишат штетни содржини за другиот, како и да објават приватни фотографии или видео-снимки, без одобрување на оштетениот. Оваа форма на булизам е многу потешко да се идентификува и честопати се случува вон амбиентот на училиштето. Заради тоа, за наставниците или пак родителите, премногу е комплицирано да ја адресираат оваа форма на булинг.

Недостасуваат систематски истражувања во Албанија, Македонија и Косово

Заради последиците кои ги има овој феномен, денес низ целиот свет се организираат кампањи за подигнување на свеста, коишто имаат за цел адресирање на овој проблем. Првата дама на САД, Меланија Трамп, има организирано кампања насловена “Be kind to each other” која го нагласува проблемот со сајбер (интернет) булинг. Ова се прави заради сензибилизирање и за подигнување на свеста дека булинг меѓу децата е глобален предизвик, со многу штетни странични ефекти кои имаат пошироки општествени импликации.

Извор: edutopia.org

Овој феномен има влијание и во развиените земји а исто така и во земјите во развој. Но, во земјите како што се Косово, Македонија или Албанија, многу доцна е започнато да се зборува за овој проблем. Во последните години, одреден број експерти, главно психолози, почнаа да говорат за овој феномен, имајќи предвид дека оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

Медиумите исто така имаат посветено посебно внимание, главно на настаните во училиштата во врска со булингот. И покрај фактот што насилието е појава со која се среќаваме во училиштата, генерално, во горенаведените три држави не постојат систематски студии за да се види како и колку се манифестира оваа негативна појава, која има сериозни психолошки последици за погодените ученици. Во сите три држави, бројот на учениците кои користат интернет, односно социјални мрежи, е многу голем. Затоа, се оценува дека освен булингот од најкласична форма, во овие земји е присутен и сајбер булингот. Според една студија спроведена во 2018 година, и објавена од УНИЦЕФ, земји во кои булингот е најприсутен се оние од Јужна Азија и Западна и Централна Африка.

Булингот доживеан за време на училишните години може да има долгорочни последици. Учениците кои се подложени на насилство може да имаат послаби училишни резултати, со оглед на тоа дека се намалува нивното итересирање и нивното учество во училиштето. Освен тоа, присутни се и емоционалните ефекти, како што е намалена самодоверба, несоница, но и депресија. Но, ефектите на булингот не влијаат само кај засегнатите ученици, тие допираат и кај соучениците, а исто така и кај семејството.

Кампањите за подигнување на свеста како средство за спречување

Единствена форма за да се соочат со овој проблем, а ова важи за сите држави без оглед на нивниот социо-економски развој, е реализирање на постојани кампањи за подигнување на свеста кај учениците, училишните авторитети и родителите за последиците кои ги има оваа појава. Додека, за запирање на директните и индиректни форми на булинг постојат методи и пристапи кон менаџирањето. Компјутерскиот криминал е современ феномен кој е многу тешко да се менаџира, влијае на голем број луѓе и може да се применува долго време без да биде идентификуван од никого. Заради оваа причина, подигнувањето на свеста, посебно кај учениците, е најефикасната форма за спречување на оваа појава. Ова го докажува и кампањата на Госпоѓа Трамп. Токму заради тоа, превенцијата е најефикасното средство за запирање на булингот.

***