[Став] Турција уапси важен писател – се обединуваме да ставиме крај на оваа одмазда

Ахмет Алтан и неговиот брат, Мехмед Алтан, беа уапсени во рација во саботата. Повикуваме на нивно ослободување и бараме да се почитува слободата на изразување.

Ние, долупотпишаните повикуваме демократите низ цел свет, како и оние кои се грижат за иднината на Турција и регионот во кој игра водечка улога, да протестираат против одмазда која владата ја води против своите најбистри мислители и писатели кои можеби не ја делат нивната перспектива.

Позадината на ова писмо е обидот за државен удар на 15 јули 2016, кој пропадна и беше за кратко задушен. Доколку самиот турски народ потпаднеше на нападот на нивните институции, резултат ќе беа години мизерија.

Во исхдот на тој воен удар, разбирливо е што владата воведе привремена вонредна состојба. Сепак, пропаднатиот воен удар не треба да биде причина за лов на вештерки во стилот на МекКарти, ниту пак вонредната состојба треба да биде спроведена со штура почит за основните права, правилата на доказите, па дури и јавната свест.

Ние како писатели, академици и бранители на слободата на изразување сме особено вознемирени кога гледаме како колегите кои ги знаеме и почитуваме се приведени поради регулативите на вонредната состојба. Новинарите како Шахим Алпај и Назли Иличак, и писателката Асли Ердоган, се гласни бранители на демократијата и противници на милитаризацијата и тиранијата од секаков вид.

Особено не вознемирува што значајниот писател Ахмет Алтан, и неговиот брат, Мехмет Алтан, писател и угледен професор по економија, беа уапсени во рација на 10 септември. Браќата се обвинети дека испраќале сублимални пораки до поддржувачите на државниот удар на телевизиско панел шоу, кое се емитувало на 14 јули, ноќта пред обидот за државен удар.

Ахмет Алтан е еден од најзначајните писатели во Турција, чии романи се многу преведувани и продавани во милионски копии. Пет години беше и главен и одговорен уредник на либералниот дневен весник Тараф. Весникот беше пионер во давањето право на знаење на јавноста. Во својата кариера бил прогонуван многу пати – во 1990-тите бидејќи се потруди да ги натера турските читатели да сочувствуваат со Курдите во државата, а неодамна бидејќи се потруди да изнуди извинување од премиерот за масакрот во Робоски во 2011 година, во кој беа бомбардирани 34 селани. Се појави на суд на 2 септември, обвинет за издавање на државни тајни.

Мехмет Алтан е професор на Универзитетот на Истанбул, колумнист чии бројни книги повикуваат повторно да се изгради идентитетот на Турција, не според раса или религија, туку по почитта за човековите права. Како и неговиот брат и другите кои се сега во затвор, неговиот криминал не е што го поддржувал државниот удар, туку ефективноста на неговото критикување на актуелната влада, чиј почетен прогрес во ширењето на демократијата е сега заглавен во рикверц.

Затоа, ја повикуваме турската влада да го прекине прогонот на важните писатели и да го забрза ослободувањето на Ахмет и Мехмет Алтан, како и многу од нивните колеги кои се неправедно обвинети.

Потпишано од Орхан Памук, Џ.М. Коци, Елена Феранте и други.