[Став] Светски ден на канцер 2023 – Кои се ризик факторите и како да се превенира?

Пишува: Даница Среткоска, ученичка во СОМУ „Гостивар”

Денес (4 февруари) е Светски ден на канцерот, болест која претставува втор водечки фактор за смртност на луѓето на глобално ниво.

Што е рак?

-Ракот е болест која се јавува кога промените во група нормални клетки во телото доведуваат до неконтролиран, абнормален раст формирајќи грутка наречена тумор; ова важи за сите видови на рак освен леукемија (рак на крвта). Ако не се лекуваат, туморите може да растат и да се шират во околното нормално ткиво или во други делови од телото преку крвотокот и лимфниот систем и може да влијаат на дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем или да ослободуваат хормони кои можат да влијаат на функцијата на телото.

Неколку факти за ракот

-Ракот е на второ место како причина за смрт во светот.

-Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.

-Повеќе од 40% од смртните случаи поврзани со рак може да се спречат бидејќи се поврзани со модифицирани фактори на ризик како што се пушењето, употребата на алкохол, лошата исхрана и физичката неактивност.

-Речиси најмалку една третина од сите смртни случаи поврзани со рак може да се спречат преку рутински скрининг и рано откривање и лекување.

-70% од смртните случаи од рак се случуваат во земјите со низок до среден приход.

-Милиони животи би можеле да се спасат секоја година со имплементирање соодветни ресурси за стратегии за превенција, рано откривање и лекување.

-Вкупната годишна економска цена на ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.

Причини за заболување:

-Ракот може да биде предизвникан од различни причини. Точната причина сѐ уште не е позната.

Ризик фактори:

  • Алкохол – Алкохолот може да го зголеми ризикот од шест видови на рак, вклучувајќи го и дебелото црево (колоректален), дојката, устата, фаринксот и гркланот (уста и грлото), хранопроводникот, црниот дроб и желудникот. Доказите сугерираат дека општо земено, луѓето најмногу консумираат алкохол.
  • Прекумерна тежина или дебелина е поврзана со зголемен ризик од развој на 12 различни видови на рак.
  • Пушењето-тутунот содржи најмалку 80 различни супстанци (канцерогени агенси) кои предизвикуваат рак.
  • Нездрава исхрана-се смета дека внесот на нездрава исхрана формира кисела средина во организмот, што доведува до формирање на канцерогени клетки во организмот.
  • Инфекција-инфективните агенси се одговорни за околу 2,2 милиони смртни случаи од рак годишно. Ова не значи дека овие видови на рак може да се сфатат како инфекција, туку вирусот може да предизвика промени во клетките што ги зголемува шансите да станат канцерогени.

Знаци и симптоми на рак

Бидејќи има многу различни видови на рак, симптомите се различни и зависат од тоа каде се наоѓа болеста. Сепак, постојат некои клучни знаци и симптоми на кои треба да внимаваме, вклучувајќи:

  • Невообичаени грутки или оток – канцерогените грутки често се безболни и може да се зголемат во големина како што ракот напредува
  • Кашлање, останување без здив или отежнато голтање – внимавајте на постојаните епизоди на кашлање, останување без здив или тешкотии при голтање;
  • Необјаснето губење на тежината – голема количина на необјаснето и ненамерно губење на тежината за краток временски период (неколку месеци)
  • Замор – кој се покажува како екстремен замор и силен недостаток на енергија.
  • Болка-вклучува необјаснета или постојана, привремена или неопислива болка;
  • Нов бенка или промени на бенка – барајте промени во големината, обликот или бојата;
  • Невообичаени промени на градите – барајте промени во големината, обликот или чувството, промени на кожата и болка;
  • Губење на апетитот – чувство на помалку глад од вообичаено за подолг временски период;
  • Рана или чир што не зараснува;

Спречување на рак

  • Над една третина од сите видови на рак може да се спречи со намалување на вашата изложеност на фактори на ризик како што се тутун, дебелина, физичка неактивност, инфекции, алкохол, загадување на животната средина, професионални канцерогени и зрачење.
  • Превенцијата на одредени видови на рак може да биде ефикасна и преку вакцинација против вирусот Хепатитис Б (ХБВ) и Хуман Папилома Вирус (ХПВ), помагајќи во заштитата од рак на црниот дроб и ракот на грлото на матката соодветно.
  • Намалувањето на изложеноста на други канцерогени како што се загадувањето на животната средина, професионалните канцерогени и радијацијата може да помогне во спречување на понатамошни канцери.