[Став] Создаден беше „супсвет“

Создаден беше „супсвет“ со корисниците, лицата со различни попречености, еден вид на инклузија која се заснова на взаемност и таа взаемност претставуваше основа на светот во мало, пишува Дамјан Николовски од Македонската платформа против сиромаштијата во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Процесите и активностите што се одвиваат во социјална сфера се сведуваат на секојдневна база и не земајќи ја предвид целната, таргет група тие претставуваат еден вид на континуитет врз кои се базираат промените и социјалниот развој. Моментално додека е во изработка ова парче колумна се одвива еден процес, процесот на деинституционализација, каде што во одреден дел, сегмент од него имаше лично учество и пристутност во самиот процес и за време на траењето на тој дел самиот тој се воспостави како спрега, мост за создавање на друг процес.

Деинституционализацијата едноставно и во лаички поглед преставува процес на трансформација каде лицата што живеат во институција постепено да транзитираат да живеат во заедницата во некоја друга форма, со поддршка или самостојно и да го напуштат институционалниот облик на живеење.

Активностите кои се преземаа и во кои присуствував и земав учество се однесуваат на процесот на деинституционализација на институција во која се сместени лица со интелектуална попреченост и лица со комбинирани пречки во развојот, каде доменот на активности се однесуваше на престој во институцијата и собирање на податоци за понатамошна анализа и интерпретирање на самите тие податоци. Тоа што сакам да го потенцирам и да ставам акцент е дека за време на престојот се создаде сосема нешто ново кое го насловив „супсвет“.

Создаден беше „супсвет“ со корисниците, лицата со различни попречености, еден вид на инклузија која се заснова на взаемност и таа взаемност претставуваше основа на светот во мало. Споменатата инклузија не се однесува на системска инклузија, туку инклузија на културно и емоционално ниво, сплет на вредности оформени за функционирање како една целина. Секојдневните социјални интеракции, активности и остварувањето на социјални контакти со појавија како причинско- последична врска не само во формирање и развој на светот во мало туку и во личниот развој, развој на тоа „човечкото“ кај секој.

Од таму произлегува таа взаемност на почитување и разбирање и двигател од тоа споменатиот случај, инклузија во мало да прерасне на повисоко ниво, национално.

Прикажаниот пример се однесува на процесите во општеството и како тие каузално, взаемно се поврзани и се надополнуваат. Поточно деинституционализацијата спроведена преку системска рамка треба да биде пропратена, следена од инклузијата од самата заедница и општеството, каде место дисонантност ќе се создаде принцип на хармонија помеѓу нив и со тоа ќе остварат зацртаните цели во социјална сфера.