Електронските уреди се управувани според волјата на луѓето. Сево ова го читате на уред и можете да решите што сакате уредот да направи, затоа мислите дека интеракцијата со него е целосно во ваша контрола. Сепак, ако филозофски го анализирате ова на подлабоко ниво, ќе сфатите дека можеби и не е така. Со оглед на тоа што некој морал да го направи уредот кој вие го користите, истата таа личност одлучила како вие ќе имате интеракција со неговата креација. Создавачот (или создавачите) му го дале на овој уред неговите способности и моќи, одлучил што можете или не можете да направите на оваа одредена направа. Затоа, невозможно е да ја слушате или гледате содржината на ЦД ако имате понова верзија на Мекбук, бидејќи Епл не ставија ЦД/ДВД драјвови во своите лаптопи.
Но, интересно е тоа што создавачите решиле и што тие можат да прават на нивите производи, за не само да ја ограничат вашата моќ на контрола врз нив, туку и да додадат начин на кој тие ќе влијаат на вашата контрола. За сосема да го разберете ова, само продолжете да читате. Земете ги предид антените на мобилниот телефон. Нема многу што да се направи во однос на нив, нели? Уредот ја има способноста да се поврзе со друга антена и да воспостави повик, но вие не го контролирате тоа навистина. Само решавате кога и каде сакате да се јавите, но останатото за вас го прави мобилниот оператор. Како што веќе веројатно знаете, тие можат да ви го прекинат сигналот во секое време, така што оваа способност на вашиот телефон не е воопшто во ваша контрола.
Но, ова не е само филозофска перспектива, туку е начинот на кој мрежната комуникациска технологија всушност функционира и е изградена. На пример, да го земеме најчестиот современ уред – паметниот телефон. Во него има најмалку два процесори. Едниот е процесорот за апликации, кој ви овозможува да комуницирате со уредот и да контролирате што сакате да прави. Ова е процесорот кој го контролира екранот, звукот и апликацијата која од него барате да ја отвори.
Досега, барем ако имате Андроид телефон, процесорот е сосема во ваша контрола. Но, телефонските повици, текстуалните пораки и другите интеракции низ кои поминува мобилниот кога се конектира на сигнал како ГПС, не се управувани од самиот процесор за апликации. Овие дејства ги спроведува друг, „бејсбенд“ процесот кој не го контролирате вие. Го контролира ГСМ мрежата, истата која ја управува мобилниот оператор кој, имплицитно, ја контролира. Операторот кој практично ја поседува ГСМ мрежата (која вие ја користите) може, во било кое време да се конектира на вашиот „бејсбенд“ процесор и да изврши некои од работите кои тој е способен да ги извршува, како вклучување на вашиот микрофот, праќање на порака или откривање на вашата локација со точни координати. Накратко, вие решавате дали сакате да работи стопирачката или да слушате музика, но компанијата ќе реши дали вие или тие ќе го поврзете вашиот телефон на сигнал. Доколку тоа се тие, можат многу лесно да почнат да прислушуваат, што само по себе е дефиниција за шпионажа.
Доколку веќе сте сомничави, подгответе се да се вчудовидите, бидејќи не станува збор само за вашиот мобилен телефон. Практично сета технологија, и софтвер и хардвер, се основани на овој принцип. За пример ќе го земеме Гугл. Под објаснувањето дека ги подобруваат алоритмите за пребарување на податоци и алатките за препознавање на јазици, чуваат снимки од се што правите на нивниот оператор за пребарување. Се е таму, на нивната веб страница, велејќи дека со согласноста да ги користите услугите на Гугл, им доверувате доброчуван дневник на вашите дејства и зборови, без разлика што сте искуцале или рекле.
Само преку кажување „OK Google” ја отворате услугата која ви овозможува пристап до нешта на интернет, користејќи зборови. Но, истовремено, отворате дневник кој го зачувува секој еден збор кој сте го изговориле во увото на Гугл. За среќа, ви овозможуваат да избришете се што зачувале, но тоа не е поентата. Дури и ако ја исклучите оваа можност, се уште можат да снимаат, иако нема да има трага кој што кажал, бидејќи гласот не може да се следи назад до вашиот профил.
И не е само Гугл. Сите поголеми компании кои нудат вакви услуги чуваат записи од активностите на корисниците. Сири на Епл, Кортана на Мајкрософт, сите се создадени за да го праќаат вашиот глас до сервер кој го поврзува гласот со вашиот профил. До неодамна, ова беше речиси непознато. Алекса на Амазон Ехо започна дебата за користењето на информациите собрани од провајдерот во суд. Алекса е „збор за будење“, работи на истиот принцип како и „ОК Гугл“, но Амазон Ехо е поконтроверзен бидејќи услугите за гласовна команда се користат на многу различни уреди, од автомобили до фрижидери.
Но, не се плашете, овие компании не се однесуваат како неодговорни деца кои не можат да си ги затнат устите за тоа што вие го правите. Само се однесуваат соодветно според капиталистичката догма, нивните мотиви се едноставно водени од парите. Со оглед на тоа што секоја компанија сака да знае како се однесувате со цел да извлече повеќе пари од вас, тие се свртуваат кон другите компании кои ги имаат потребните податоци за анализирање на вашето однесување. Така што, да, социјалните мрежи како Фејсбук се исто така вклучени во бизнисот на „шпионирање за пари“. Не е баш реткост вашите податоци да бидат предадени на трета страна доколку се работи за многу пари. И не само ентитетите ориентирани кон профит се заинтересирани за купување и анализирање на вашите информации. Агенциите за безбедност и одбраа исто така добиваат овие податоци, а не плаќаат ниту денар.
Сепак, многу луѓе немаат поим дека ова се случува. Компаниите пратично немаат вина, бидејќи секогаш кога ве шпионирале, ве информирале за нивните намери. Покрај се, треба да знаете дека не постои нешто како бесплатен ручек. Секое ажурирање, секоја подобрена услуга и напреден хардвер користен во комуникациските услуги, доаѓа со цената на вашата приватност. Можеби не ни побарале ваша дозвола, но, сепак ја имате можноста да се откажете од зделката, нели?
Ѓорѓи Димески