[Став] Што научив од 3.5 години возење точак низ Скопје

Текстов сакав да го напишам уште пред неколку месеци, сега, за жал, ептен веќе му е дојдено времето.

Не е дека се правам многу паметна, но на почетокот и јас правев многу грешки и многу пати сум се нашла во незгодна ситуација, затоа ги составив проблемите во сообраќајот со кои секојдневно се соочувам со точак и начините на кои можеме да се заштитиме.

Како и сите, научив да возам точак како дете, со сите пропратни модрици и маалски авантури. Еден ден негде во основно, возејќи по Ленинова накај парк, ми дојде огромен камион од спротивна страна, свртев нагло на десно, рачките на новиот „брзинец“ не ми биле убаво стегнати и тие свртеа ама тркалата не… и се фрлив меѓу паркирани коли за да не ме удри камионот. Тогаш го фрлив точакот во подрум и неќев тркало да му видам.

Возачка положив уште на 17 (на времето можевме така), ама никогаш не ми требала колата да се движам низ градот. Ем не ми ја даваа колата од дома сама, ем никогаш не научив убаво паралелно да паркирам, ем поголем трошок, ем нервози со други шофери (еднаш ќе загинев во Ѓорче пред да го направат кружниот тек), ем проблеми со паркинзи. И затоа си се движев скоро секаде пешки и на подолги дестинации со автобус (едно време и твитав приказни од #автобус).

И тогаш, другарката Snezhna отиде во северна Финска и цела зима на -20 степени возеше точак. Па, си реков, ако може таму да вози во зима по снегови, наоблечена со триста слоеви, ваљда можам и јас да возам низ Скопје, преку лето, по Партизанска, од дома до работа.

На 20 март 2012, по повеќе од 15 години и по сервисирањето на истиот проблематичен точак, одлучив да го надминам првиот страв со стратегија „симни се/качи се“ околу паркирани коли кај Буњаковец. Почнав неколку пати во неделата да одам до работа со точак и да ги согледувам проблемите што дотогаш ми беа невидливи, па и да твитам на тема точак од патешествијата низ Скопје. Па сумирав во еден од ретките паблик постови на фб во кои се приклучија и други луѓе и се спомна муабетот за можно организирање на првата Критична Маса во Скопје. И иако не сум во директна организација, ги поддржувам дечките во сите напори заедно да го направиме Скопје убав и безбеден вело-град!

[Став] Што научив од 3.5 години возење точак низ Скопје

Наученото:

Градот е катастрофа за возење точак и сè додека не го поправиме со нашите барања за подобри услови за сите видови учесници во сообраќајот: пешки, точаци, пешаци со тркала — детски и инвалидски колички, мотори, коли — треба ние да се прилагодиме на овие јужно-азиски услови зашто очигледно градот потешко се прилагодува на нас.

Слободно прочитајте ги (дури и да не возите точак, важат и за коли и за пешаци) и не заборавајте да мислите и на другите околу вас. Сите набројани точки сум ги видела во акција по нашиве улици.

  1. Никој нема да се грижи за нашата безбедност повеќе од самите себе. И за жал, деновиве тоа повеќе го воочуваме и пак се случува секој ден има настрадани низ улиците во Скопје.
  • Каде што има можност возете по велосипедска патека. И да има дупки и високи тротоари, шансата да ве удри кола е помала отколку да возите на улица. Поради високите рабници по Партизанска (и лизгави на дожд), за жал почнав да возам точак по малите споредни улички, зашто тешко е да се качиш на тротоар без да ти се превртат сите работи во корпата, ама ако морам по булевар, секогаш ги користам велосипедските патеки зашто на коловозот по булеварот е лудница.
  • Ако возите на улица, не правете нагли свртувања, немој да мислите дека возачите ве гледаат и ви читаат мисли (ова важи за сите други услови и запамтете — никој не ви ги чита мислите). И дефинитивно немојте нагло да се симнувате од тротоар на улица.

[Став] Што научив од 3.5 години возење точак низ Скопје

  • Кревајте лева/десна рака кога сакате да свртите! Ова го научив на потешкиот начин кога сакав да свртам лево во мала Т-уличка, а кола што не ја слушнав ме престигнуваше на кривина за да сврти десно и фино ќе ме собереше, па уште ми се дереше како сум му се нашла на патот наместо да почека 2 секунди да види дали ќе свртам и јас десно (?!). Си се извинив и од тогаш освен ако ептен не сум стабилна, секогаш кревам рака.
  • Возете од десна страна на улицата! Кога возите на улица, точакот е исто како и секое превозно средство. Многу често гледам луѓе како возат од левата страна, некогаш и им подвикнувам да преминат.

Пишува: Сандра (@alexhris)

Целиот текст прочитајте го тука.