[Став] Она што и треба на нашата земја е ВЕТИНГ!

Долго време размислував за пишување колумна, а уште повеќе размислував за тоа која тема да ја изберам и што да напишам во неа. Но, на крајот дојдов до заклучок дека најсоодветната тема е токму таа за судскиот систем, всушност за реформите што треба да се направат во него, како резултат на злоупотреба на службената положба од страна на службени лица, како и од страна на локални политичари.

Унапредувањето на судскиот систем и неговото функционирање е предуслов за развој на Република Северна Македонија, како демократска правна држава и мултикултурно општество за еднакви права и слободи на своите граѓани и за нејзината евроатланска интеграција. Градење систем на судство и независни и непристрасни институции кои гравитираат кон реализација на функцијата ефикасна и еднакво квалитетна правда е централен постулат на владеењето на правото и хуман и одржлив развој на општеството во Македонија, како заедница заснована врз легитимно право притоа почитувајќи ги највисоките цивилизирани вредности.

Сведоци сме дека во нашата земја судскиот систем е делумно корумпиран, исто така предводен од непрофесионални кадри, кадри кои дејствуваат и работат врз основа на наредби што им доаѓаат од владеачите. Она што го докажува ова се прислушкувањата од 2016 година, кои јасно го покажуваат влијанието на политиката врз судскиот систем и факт за тоа е и самото формирање на Специјалното јавно обвинителство!

Иако, и овие не успеаја, запаѓајќи во бездната на корупцијата, од што како резултат – еден од највисоките обвинители заврши зад решетки во затвор.

Исто така, видовме и слушнавме разни случаи како што се корумпирани судии и обвинители, монтирани случаи и многу други интриги кои останаа како нерешена енигма…

Оние што ќе ги издвојам од другите случаи се: случајот со Верица Белчовска, Алмир Алиу, Јелена Филиповиќ…

Сите тројца доживеаја сообраќајни несреќи од кои трагично го загубија животот!

– Верица Белчовска, го загуби животот на 20-годишна возраст. Сторителот е осуден на 15 месеци затвор.

– Алмир Алиу, го загуби животот на 4-годишна возраст. Сторителот беше осуден на 6 години затвор. Го затворија и таткото на Алмир кој бараше правда за неговиот син.

– Јелена Филиповиќ, го загуби животот на 17-годишна возраст. Се уште не е покренат обвинителен акт против сторителот, иако помина подолг временски период. И тука има сомнеж за поврзаност на влијателни лица од власта.

А, според Кривичниот законик на Република Македонија, за такви дела што завршуваат со смрт на лице, минималната казна е 10 години и варира во зависност од околностите на настанот.

Од друга страна, еден млад човек од Америка е осуден на 25 години затвор, откако ја прегази зо кола една мајка со нејзината ќерка. И покрај тоа што потекнуваше од богато и моќно семејство во земјата, тоа сепак не му помогна да му избегне казна за стореното!

Но, во таа земја преовладува правдата, а не како кај нас корупцијата!

Со оглед на тоа што има различни случаи во нашата земја, ги избрав овие три затоа што се работи за случаи кои сè уште не ја најдоа вистинската правда (иако нивните семејства прават се за да го освојат ова), се случаи во кои некој бил лишен од живот, се чувствителни, а во исто време болни случаи !!!

Она што и треба на нашата земја е ВЕТИНГ!

Ветингот е процес што служи за исклучување на јавните службеници кои немаат интегритет во извршувањето на своите должности и со тоа ја враќа довербата на јавноста во работата на државните институции.

Иако Ветинг беше споменуван повеќе пати одамна и се сметаше за адекватно решение за проблемите во судството (од страна на некои партиски лидери), тоа не беше спроведено и практикувано досега.

Во Ветинг треба да бидат вклучени сите судии, вклучително и административни судии, високи судии, обвинители и судски советници!

Сите овие треба да се оценуваат на три нивоа:

-Вреднување на нивниот имот – во смисла на стекнатиот имот.

-Контрола на нивната личност – да проверат дали имаат контакти со лица вклучени во организиран криминал, како и

– Проценка на професионалната способност – според која треба да се утврди дали лицето е професионално подготвено за вршење на должност.

Потоа, сите овие да бидат контролирани од специјални комисии кои ќе бидат под надзор на меѓународни лица.

По завршување на сето ова, доколку има вработени кои го прекршиле законот и го злоупотребиле работното место, да се санкционираат.

Според мене, спроведувањето на Ветинг би било совршено решение за реформите во судскиот систем, со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните во третата поделба на власта (Судството)!

 

Пишува: Арбен Мемети, студент на Правен факултет „Јустинијан Први”- Скопје