Се` започна со идејата за следење на сопствениот сон. Ќе се обидам моето искуство да го сублимирам во краток текст кој на крајот би требало да ве остави cо неколку прашалници за себе и тоа каде сте вие на патот кон вашиот професионален развој. Што е тоа што вас најдобро ве дефинира и знаете и во сон да го направите? Во која улога вие навистина би светнале на пазарот на труд?
Дали таквата помисла би ве извадила од рамнотежа, не знам, но знам дека ќе ви понуди незамисливи можности во потрагата и борбата за финансии кои се уште го дефинираат нашето секојдневно живеење.
Другата страна на паричката е следна: „Како да се постигне одредено позитивно влијание во глобалното општество развивајќи сопствени бизнис идеи кои ќе решат одредени проблеми, нудат решение за олеснето живеењe или услуги кои ќе понудат нови опции кои истовремено ќе овозможат и придобивки на глобално ниво.
Листата е голема, но ке започнам од идејата која стои во мојата глава, откако станав доволно свесна за тоа која сум, што правам и каде сакам да се најдам за 10 години од сега.
Моето име е Ирена П. Кривошеева, дипломирав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, на отсекот Економија , 2006 година, а набрзо потоа запишав Мастер по Европски Студии/Европско бизнис опкружување исто така на Економскиот факултет во Скопје.
После неколку работни пракси и позиции во различни бизнис сектори како и меѓународни институции, добив можност да се придружам на една од најголемите мултинационални компании приустни во Македонија која во 2009 година отвори свои производствени капацитети.
Во компанијата имав можност во тек на повеќе години да работам и учам за повеќе важни аспекти на работењето во МНК.
Сепак, по период од скоро шест години поминати во оваа компанија одлучив да размислувам во насока на активирање на „Life long learning” искуство и се одлучив да ја прифатам понудата на една стартап ИТ Компанија. Таму започнав со работа користејки нови алатки преку креирање на софтвер и процеси за развој на софтверски решенија од нула. Овие алатки на работа (Agile Development – Scrum), ми овозможија да научам нови методологии на водење на работата во тим особено кога станува збор за проекти кои бараат брз Change Management и агилно координирање на обврските кон постигнување на зададените цели. Тука би сакала да појаснам дека новите методологии на работа во развојот на било кој софтвер секако ја олеснувааат работата на тимот, но пред да се реши одредена идеја да биде имплементирана или понудена на пазарот, потребно е детално истражување на издржливоста на одредена идеја, изнаоѓање на стејкхолдери/клиенти кои пред се` имаат потреба за вашето решение и се спремни за истото да обезбедат бизнис вредност, а понатаму и правилно дефинирање на целите, начините, и системите преку кои ќе се постигне одреденa реализација на идејата во решениe, решението во готов продукт.
Кога зборуваме за ИТ зборуваме за светот во мало. Софтверските решенија, а особено апликациите кои олеснуваат разноразни лични и општествени потреби насекаде во светот, се помеѓу најбараните а допрва ќе станат наше секојдневие.
Многу стартап компании/бизнис идеи кои се моментално во зародок можат да бидат новите големи играчи на глобалниот ИТ пазар. Се разбира искуството во успешна меѓународна/ИТ команија може многу да влијае на мотивацијата за креирање на нови идеи во поглед на софтверски решенија/апликации кои корисниците на апликации ќе ги користат глобално а придобивките на компанијата ќе постигнат глобални размери. Јас се насочив во тој поглед, со дополнително образование, земајки го Scrum Master certified курсот, a моментално сум во процес на здобивање на сертификатот. Ваквите можности секако го отвараат вашите врати дополнително, неформалното образование во ИТ сферата е повеќе од полезно и што е најважно не се залудно потрошени пари.
Искуството кое ќе го споделам за крај е дека, добар браинсторминг на идеи, сериозно истражување на пазарот за нивната автентичност , барање на инвеститори со локалните бизнис акцелератори (фонд за иновации, SCV (http://sc-ventures.com/ ) и уште повеќе мрежата на европски инвеститори (http://www.eban.org/), можете да зпочнете кон патот на финансирање на вашите идеи. Ваквите друштва нудат мноштво можности кои доколку правилно се исконтактираат со издражани pich концепти можат да вродат со иницијални грантови и лансирање на добрите старт-ап идеи на пазарот. Од друга страна повторно доколку сакате да прејдете од друга област во областа на програмирање, можете да се насочите кон основите на програмирање поминати во успешни образовни центри (http://www.semosedu.com.mk/ , http://www.sedc.mk/# , http://www.everest.mk/ ), да започнете со пракса во некоја од многуте ИТ компании присутни на локалниот МК ИТ пазар, а потоа и соодветно вработување во браншата која сте ја одбрале.
Дека можностите навистина постојат е фактот што ИТ пазарот е моментално во полн цут и секој може да си најде свое место. Останува на вашата имагинација да се пронајдете себеси во cоодветна позиција.
Ирена П Кривошеева – KPI Senior analyst, Сертифициран Scrum Master