[Став] Марк Бојл: Технологијата ги уништува луѓето и местата. Ја одбивам

Никогаш нема да знам колку луѓе ќе го „лајкнат“ овој текст, колку ќе го споделат или ќе го сметаат за ирелевантен, анти-прогресивен или ироничен. Ниту пак ќе ги прочитам коментарите за мојата лична хигиена, или сугестиите дека лудит (противници на индустријализацијата и машините), како мене, треба да ја прифати индустријализацијата. И тоа не е лоша работа, бидејќи пишувањето стана натпревар во популарност – наградувајќи го сензационализмот, групното размислување и измамата на чесното истражување на комплексните работи – луѓето и местата губат, а оние кои се одговорни за тоа победуваат. Победа во кус момент.

Причината поради која нема да видам никаква интернет реакција е поради тоа што живеам во колиба – изградена од смрека, даб, раце, слама, тврдоглавост, земја и колена – без струја или таканаречени модерни удобности (никогаш не ми беше пријатна нивната набавка и одржување).

Од среда, целосно го отфрлам светот на комплексната технологија. Тоа значи без лаптоп, без интернет, без телефон, без машина за перење, без вода од чешма, без плин, без фрижидер, без телевизија или електронска музика. Ништо за што било потребно вадење бакарна руда, извлекување нафта, производство на пластика неопходна за изработка на тостер или соларни фотоволтаични системи.

Откако веќе ги отфрлив овие индустриски, сложени технологии, планирам да се префрлам целосно на, она што пежоративно се нарекува, примитивна технологија. До таа мерка до која цивилизацијата дозволува. Се обидувам да одолеам на модерната доминација на она што Џеј Грифитс, во книгата Пип Пип, го нарекува време според часовник.

Ова веројатно звучи како да сум се откажал од многу работи. Но, иако сакам да бидам чесен и јасен за потешкотиите кои ќе ги имам следниве месеци, особено во дигиталната ера, исто така сум фасциниран од истражувањето на лекциите за животот – за мене, општеството, природниот свет – кои можам да ги научам. Веројатно работи кои мојот киборг-мозок не може сè уште да ги замисли. Такво беше моето искуство од животот без пари цели три години.

Отфрлањето технологии, кои мојата генерација ги смета за основни неопходности на животот, не е направено како непромислен чин. Веќе ми недостасува тоа што не можам да го земам телефонот и да зборувам со моите родители. Пишувањето е различно, мојот молив без помошта на copy-paste и копчето за бришење, ворд-функции за процесирање кои ја отсликуваат генеричката, краткотрајната и каприциозна култура, а веќе помина подолго време откако медиумските и издавачките светови работеа со бавна пошта.

Одлучив свесно да ја отфрлам сложената технологија од две причини. Првата беше дека се чувствував посреќен подалеку од екраните и неуморната комуникација која ја генерираат, наместо живеење интимно со мојата приватност. Втората, многу поважна причина, беше откритието дека технологијата уништува, на повеќе начини од еден.

Ја уништува нашата врска со природниот свет. Прво не одвојува од природата, додека паралелно претворајќи го животот во кеш кој го подмачкува конзумерското општество. Не само што го овозможува ефикасното уништување на животната средина, туку со тек на времето, ова одвојување не води кон помало вреднување на природниот свет, што значи дека се помалку го штитиме и се грижиме за него. Преку овој злобен технолошки циклус, ние свесно го создаваме шестото масовно уништување на видовите.

Технологијата уништува места. Покрај океаните, реките, шумите, планините и долините, ни помага да масакрираме и загадуваме со сè поголема прецизност и брзина. Нејзиниот комплексен начин на цената на чинење на производите брзо нè расфрла низ целиот свет, сигурни во знаењето дека можеме да останеме во контакт со саканите преку технологиите, кои нудат она што е реално токсична замена за реалната конекција и заедничкото време. Тоа силно ги повредува, можеби и фатално, руралните заедници, привлекувајќи ги нивните млади во индустриските и финансиски центри – градовите чија егзистенција е заснована на, како што го нарекува американскиот писател и еколог Вендел Бери, уништување на некое друго далечно место, кое потрошувачите не мораат да го гледаат благодарение на ‘далеку од очи, далеку од срце’ дистанцата која им ја овозможува технологијата.

Кога одам до изворот да наполнам вода наутро, среќавам соседи и разговараме. Да, треба време, нешто што ми предизвикуваше фрустрации на почетокот, но бавноста станува лоша само кога времето станува пари. Пешачење 7 километри до поштата за да ги испратам писмата одзема време исто така, но ме поврзува со луѓе и места на начин на кој никогаш не може седењето сам во мојата спална соба, пишувајќи бесконечни мејлови.

Технологијата уништува луѓе. Ние сме веќе киборзи (пејсмејкери, помагала за слух) на некој начин и сме на добар пат кон дистопија од типот на Големиот Брат на техно-утописти. Погледнете ја нашата ситуација. Нашиот токсичен, седентарен начин на живот ни предизвикува индустриски количини страдања од рак, ментални болести, дебелина, срцеви заболувања, авто-имуни пореметувања и интолеранција на храна, помеѓу другите бавни убијци – осаменоста, гледањето на часовник и бесмисленоста. Изгледа дека повеќе време трошиме гледајќи порнографија отколку што водиме љубов, врските се распаѓаат бидејќи зјапаме во дисплеи наместо во очи, додека социјалните мрежи не прават антисоцијални.

Живот без комплексни технологии има свои тешкотии, особено за луѓе како мене кои никогаш не влегле во таков начин на живот. Но, веќе го претпочитам. Наместо да се заработува за да се платат сметките, јас го заработувам мојот живот. Спротивно на очекувањата, моите најголеми проблеми не се досадата, туку како да ги направам сите работи кои сакам да ги направам. Секако, рачното миење на алиштата знае да биде напорно на моменти, но таа мала непријатност сигурно не е вредна за уништување на природниот свет.

Пријателите со добри намери често се трудеа да ме убедат да живеам без струја, но при користењето батерии, електрични кабли и фотоволтаични панели (како што го правев тоа), јас сепак ќе бев поврзан, преку невидлив кабел, со глобалната мрежа на фабрики, судници, рудници, финансиски институции, бирократии, армии, транспортни мрежи и работници кои се потребни за да се произведе сето тоа. Тие исто така ме убедуваа да останам на социјалните медиуми за да зборувам за технолошкиот проблем, но тоа би било напуштање на комплексната технологија декларативно. Мојата култура направи фаустовски пакт, во мое име, со ѓаволските тирани Брзината, Бројките, Хомогеноста, Ефикасноста и Распоредите и сега му велам на ѓаволот дека ја сакам душата назад.

Мојот живот имаше добар дел иронија и може да изгледа лицемерно. Покрај тоа што ги пишувам овие зборови (технологија), со молив (технологија), во рачно изработена колиба (технологија), иронијата е што овој онлајн блог не е изгубена во мене. Тоа е компромис засега, бидејќи ако сакаш да придонесеш за поздраво општество, компромисот може да биде само здрава работа доколку ги знаеш границите. Да се биде лицемер е секогаш мојот највисок идеал, бидејќи значи дека сум си поставил повисоки стандарди за да ги посакувам, од она што го постигнувам во тој момент.

Знаеме дека, најмалку, некои технологии го уништуваат природниот свет, нашите заедници и најпосле – самите нас. Затоа треба да ја признаеме потребата од одбивање на некои технологии. Доколку сакаме да го избегнеме технолошкиот екстремизам мораме да нацртаме линија некаде. Јас ја нацртав мојата и ќе одам само во правецот на мојот дом.

Марк Бојл за Гардијан