[Став] Колку чини да се биде геј во јавност

Како што тажни вести и понатаму пристигнуваат од Орландо, и како што смртниот биланс расте, редиците за донирање крв се сè подолги, а мислите и молитвите се натрупуваат, една грда фраза ми се врти во глава: „лут на двајца мажи кои се бакнуваат“.

Наводно, за време на неодамнешно патување во Мајами, стрелецот од Орландо се соочил со глетката на двајца мажи кои се бакнуваат, пред неговото дете (веројатно и пред хетеросексуалните парови кои исто така се бакнувале пред детето).

Оваа глетка била толку проблематична за него – за човек со историја на насилство, кој бил надгледуван од ФБИ, и кон на никаков начин не бил спречен да купи пушка, што почувствувал дека треба да биде насилен. Бил мотивиран да изврши терористичко дело кон геј заедницата.

Но, работата е оваа: тероризмот кон ЛГБТ лицата е вишок.

ФБИ го дефинира тероризмот како „насилни дела или дела опасни за човечкиот живот, кои се чини дека се со намера да заплашуваат или присилуваат граѓанско население“. ЛГБТ луѓето низ светот се заплашувани и присилувани целиот свој живот. Секој од нас имал период додека да се осуди да го бакне своето момче во образ во јавност, или да ја фати својата сопруга за рака додека оди по улица, и секој од нас се повлекол.

Сите некогаш сме требале да ја „прочитаме“ собата, да размислиме како се претставуваме себеси на светот, да одредиме колку од нас сме слободни да покажеме. Секој од нас, барем еднаш, се грижел дали изгледа „премногу геј“.

Премногу од нас биле тероризирани од вистински насилни дела, но секој од нас – кога ќе го наречат педер, или кога ќе слушнеме виц за хомосексуалци и никој нема да се побуни, кога гледаме дузина претседателски кандидати од една од двете политички партии како ветуваат дека ќе го изменат Уставот за да ни ги одземат граѓанските права – бил субјект на дело кое е опасно за човечкиот живот. Сите имаме лузни на нашите души од тоа. Сите од нас.

Бевме тероризирани од нашата сопствена култура, култура која сè уште, во 2016 година, ќе се налути на двајца мажи кои се бакнуваат. Сме ја имале потребата да создадеме сопствен простор, места каде може да се бакнуваме и да танцуваме и да се опуштиме колку што сакаме. Овие простори постојат низ времето, секаде во светот. Не можете да нè заплашувате и присилувате за веќе да не постојат.

Секој кој помина низ вратата на Pulse таа вечер дошол претходно тероризиран. Педесет и повеќе луѓе преживеале цел живот на културолошки тероризам, а потоа ги изгубија своите животи одеднаш, бидејќи некој бил лут на двајца мажи кои се бакнувале.

Но, се појавија. И тие од нас кои си заминаа, ќе се појават пак. Секогаш ќе се појавуваме. Посилни сме од теророт. Посилни сме од болеста. Посилни сме од хомофобијата.

Денес, додека ги гледаме политичарите кои се про-вооружување, политичарите кои воведоа буквално стотици анти-ЛГБТ закони само оваа календарска година, како нудат сочувство и молитви, но не споменуваат хомофобија, ќе се појавиме пак. Ќе маршираме, ќе се собереме, и ќе бидеме силни заедно.

Теророт сè уште не нè спречил.

Дејв Холмс за Esquire