[Став] Кога објавите на социјалните медиуми се важни

Како што веројатно знаете, историјата е полна со напори, кои го донеле светот до состојбата во која е сега – неуредна и хаотична, но стабило движејќи се нанапред. Ако сакате да му се заблагодарите некому за историскиот прогрес, не гледајте подалеку од вашите претци и честитајте си себеси, бидејќи ние луѓето сме тие кои постојано си ги подобруваме животите, преку правење на неколку промени во текот на историјата, познати и како револуции.

Го користиме терминот „револуција“ прилично слободно, бидејќи му го припушуваме на секој напредок, од технологијата до љубовта. А, технолошките револуции треба да бидат изненадување, бидејќи секој развој во социјалната сфера повикува на соодветен уред за негово одржување, и обратно.

Сепак, од време на време, сфаќаме дека светот е подготвен да се движи напред и почнуваме да преземаме чекори кон менувањето на статус квото. Но, кога зборуваме за општествени промени, важно е да се знае дека некој, некаде ги собира придонесите од тоа статус кво и тој напор се бара. Тоа е основната логика на протестите – луѓето се креваат на револт бидејќи оние кои им наштетиле нема да се откажат самите.

Технолошките револуции им помогнаа и на социјалните револуции. Ако сте учествувале на протест во изминатите пет години, веројатно за тоа сте слушнале преку социјалните медиуми, интернет платформите на кои секоја информација може да се сподели со два клика и може да достигне публика поголема од најголемата држава во светот. Потенцијалниот број на луѓе до кој достигнува и едноставноста ги прават социјалните мрежи добра алатка за организација и координација, кои се најпотребни кога огромни маси на луѓе се среќаваат за одредена цел, особено кога таа цел е револтот. Една од најпотребните работи за успешните бунтови е масовноста, што значи дека огромни групи на луѓе треба да се групираат на одредена точна за да формираа уште поголема група, која ќе ги преплаши оние кои се на сила. Социјалните медиуми им овозможуваат на луѓето да ја проценат стапката на успех, со оглед на тоа што поканите за настани покажуваат колку луѓе е можно да се појават на таа локација. Но, со оглед на тоа што бунтовите целат кон некој кој е на власт, истите тие луѓе ќе направат што и да треба за да ги спречат тие протести. Дури и ако треба, ќе ги оневозможат методите на комуникација на протестантите.

Сепак, не сите политичари се диктатори и не забрануваат и цензурираат медиуми одеднаш, бидејќи таков чекор е спротивен на принципите на слободен говор, и преку таков акт само ќе ги побесни масите уште повеќе. Владите денес станаа пософистицирани. Едноставно, ги користат социјалните медиуми на истиот начин на кој ги користите вие – за да собираат податоци. Не зборуваме за едноставните, „видете колку луѓе присуствуваат на овој настан и распоредете што е можно повеќе полицајци на локацијата“ тактики. Овие полициски единици ги користат податоците на социјалните медиуми во секој чекор од нивните акции, од надзор во реално време на протестите, до собирање на докази за судење. А, доколку се чудите дали објавите на социјалните медиуми се легитимен доказ за судска пресуда, дефинитивно се.

А, кога станува збор за развојот на софтвер, полициските единице стануваат едни од првите кои ги присвојуваат новите технологии. Земете ги предвид Statigram и Instamap, кои се одлични за длабинска анализа на корисничките фотографии, со оглед на тоа што можат да ги покажат корисничките статистики на корисниците на Инстаграми локацијата каде фотографијата била направена. Но, веројатно најнапредниот софтвер кој агенциите го користат е Geofeedia, која функционира преку концептот „geofencing“,  кој во основа е стеснување на потенцијалната област за пребарување и критериумите за „копање“ по објавите на социјалните медиуми. На пример, ако се случува протест во централната област на Балтимор, полицијата може да ја користи Geofeedia за да пребарува само „твитови“ објавени од таа локација и да примени и поконкретни пребарувања, на пример, „твитови“ кои го содржат само зборот „бунт“. Или, можат да ја користат ГПС локацијата на личност за да бараат негови лични информации и активности. Ова се нарекува Геоспацијална интелигенција (Geospatial Intelligence), длабинско знаење за акциите и интересире на групите или индивидуите, лоцирани во одредена област. Комбинирани со други софтверски ресурси за мапирање и собирање на податоци, Geofeedia брзо станува омилена играчка на полициите за напреден надзор, отклучувајќи ја вратата за повеќе и повеќе иновативни начини да се спречат граѓанските немири. Сепак, на овој софтвер му се потребни подароци од социјалните медиуми, за да може да си ја отслужи задачата. А, компаниите немаат проблем да им ги дадат посакуваните податоци. Да бидеме искрени, после соочување со потенцијално незадоволство на муштерија, некои од нив престанаа да обезбедуваат податоци за компаниите за надзор, иако шансата за полициите да ги обезбедат тие податоци самите се уште постои. Сепак, властите не се нови во овој бизнис. Има и термин познат како „мобилна форензика“, која се справува со науката на пробивање на заклучени телефони и собирање на огромни количини на податоци, дури и кога тие податоци биле избришани.

Целиот проблем со извлекувањето податоци од социјалните медиуми и надгледувањето, не е самата технологија, туку етиката околу нејзиното користење. Понекогаш, не се напредните техники на собирање податоци, туку едноставно собирање на податоци кое ја користи меморијата на вашиот мобилен телефон. Владините агенции не секогаш имаат потреба од компаниите, туку можат едноставно да го земат вашиот телефон и да проверат дали има нешто инкриминирачко во неговите контакти, пораки или фотографии и видеа. Но, како што би требао да знаете, фактот дека можете да направите нешто не значи дека треба тоа да го направите, бидејќи добробитот на општеството се води од основни принципи на личен простор и приватност. Сепак, краток поглед на овој извештај ќе открие дека реалноста на прекршувањето на етиката на претходноспоменатите принципи, е малку темна.

Ѓорѓи Димески