[Став] Како локалните избори во Истанбул ја обликуваат иднината на „Ердогановата Турција“

Минатонеделните настани поврзани со судските одлуки за исходот на локалните избори во Истанбул го отвори патот за развој на нов натпревар. Тоа неизбежно ќе доведе до судир помеѓу најмоќната политичка фигура во Турција, претседателот Ердоган и кандидатот на опозициската алијанса Екрем Имамоглу, кој победи на трката за градоначалник на Истанбул, пишува во колумната на Синан Улген за „Гардијан“.

На локалните избори во Турција, оддржани на 31 март, имаше поврат на опозицијата спрема „Партија за развој и правда“ (АКП), која изгуби контрола врз власта во главниот град Анкара, како и трката за Истанбул, родниот град на претседателот.

Имамоглу првично е победник над кандидатот на Ердоган и поранешниот премиер Бинали Јилдирим, за потоа, по некој период, победата да му е одземена од Изборниот одбор на Турција, врз основа на тоа дека поставувањето на некои од гласачките кутии било во спротивно на изборниот закон. Новиот круг на изборите за градоначалник ќе се оддржат на 23 јуни. Одлуката на изборниот одбор на Турција била жестоко критикувана од опозицијата, наведувајќи дека таа е политички мотивирана и без правно оправдување.

На изборите во Истанбул имаше четири гласачки ливчиња, за градоначалник, како и за градоначалници на окружните области, градскиот совет и локални службеници во Истанбул. Четирите гласачки ливчиња се ставени во еден коверт и се бројат на ист начин. Изборниот одбор ги поништил само гласовите за градоначалник.

Од Изборниот одбор изјавија дека можат да работат само по жалбите кои ги добиваат од политичките партии, а предизвик биле поднесените жалби од владејачката алијанса само за изборите за градоначалник.

Анализата за изборите во Истанбул, не е јавно објавена. За изборите да бидат поништени, одборот потребно е да ги прикаже наводните прекршувања и да покаже дека тие би влијаеле врз целокупниот резултат на изборите.

Сепак, одборот ја припреми сцената за вториот круг избори во Истанбул за шест недели. Врз изборниот резултат влијание ќе имаат четири фактори: прогонот, мобилизацијата, консолидацијата и економијата.

Создаден е наратив за прогон кој ќе биде искористен од двете страни за да се засили поддршката на обичниот народ. За владејачката АКП, прогонот би се поттикнал од тврдења дека опозицијата се користела со измами, со цел да победи на изборите.

Опозицијата исто така ќе се смета себеси за жртва. Победникот Имамоглу ќе тврди дека неговата победа е украдена од изборниот одбор, а одлуката е донесена под политички притисок.

Кандидатите ќе бараат консолидација на поддршката што ја добија на 31 март. Главниот клуч на овој круг ќе бидат гласовите на курдите, кои по се изгледа дека ќе завршат кај опозицискиот кандидат. Имамоглу ќе треба повторно да повика на поддршка од курдите, додека АКП ќе пробаат да ги привлечат нивните гласови сигнализирајќи идно омекнување на владините политики посветени на курдското прашање. Предизвик за Ердоган ќе биде да најде промена на некои политики кои ќе повлечат про-курдски гласови во Истанбул, а да не ги изгуби гласовите на националистите низ целата земја.

Резултатот на мартовските избори беше виден како казна за справувањето со економската криза од Ердоган, впрочем, државата за прв пат се соочува со рецесија откако тој ја презема власта пред 16 години.

Препознавајќи ги овие ризици, Ердоган одлучи целосно да биде вклучен во изборниот процес во Истанбул. Претходно најави дека ќе одржи повеќе од 30 собири пред денот на гласањето, закажано за 23 јуни.

Изборната трка во Истанбул е од големо значење, а истата може да биде увид на идните конфронтации околу извршната власт.

Синан Улген, извршен директор на тинк-тенкот ЕДАМ со седиште во Истанбул.

Извор: Гардијан