[Став] Има ли правда за СИТЕ?

Зборот „Правда” претставува нешто што значи дека точно определено одговара на стварноста, без никакви малверзации. Го обележува она што секому ми припаѓа со закон и заслуга. Но колку тоа реално е така, колку исполнетите и доделените правди се онакви какви што треба, ќе се докажат преку самите добитници на “правда”. Иако во денешно време секој образован човек се бори за неа, се потешко и потешко таа се стекнува, се потешко и потешко се издржува. Дали правдата ги задоволува сите критериуми, поими и ставови за право на живот, го докажува решението доделено на разни поединци со различно ниво и стил на живеење.

Дали ви е верно… 21-ви век, а ние уште се бориме за право на глас, слобода, говор и изразување? До кога вака, до каде вака? Многу прашања, многу размислувања ама без ниеден прикладен одговор….

Од каде ли да почнам за ГОЛЕМАТА „ПРАВДА” на луѓето околу мене?

Најпрво, едни чисти души, ангели коишто секојдневно преживуваат тортура на било каков начин – децата без родители и родителска грижа. Воглавно слушаме во какви мизерни услови овие деца живееат во домовите, се соочуваме со низа од нивните тешки моменти поминати како “кучиња” од типот немање основен животен стандард, како и одземен цепарлак и материјални добра. Но, нонстоп читаме за различни донации од државава и странство. Каде се одат тие средства? Дали се користат на вистинското место? Или пак некој “попаметен” директор пикнат во својата фотеља си ги троши за свое задоволство, а ние и понатаму донирајќи и волонтирајќи дејствуваме за децата. Но, сепак не сме директори. Зар мислите тука правдата е задоволна? НЕ! И никогаш нема да биде. Јака им душа на тие сирачиња, од кој попрво се обесправени: дали од Господ или самата Држава. Е ова се прашањата за кои нема да се пронајдат одговорите.

Понатаму ги имаме социјалните семејства, самохраните родители и лицата со инвалидска пензија. Се прашувате ли дали некогаш и некаде овие типови на луѓе ги има некој посетено и запрашано “како сте?”, “да не ви треба нешто?”. Да има! Оние наши прејаки политичари, коишто идат само предизбори, а откако ќе бидат изгласани – тешко на овие лица. Цицање на крвта што е можно повеќе. Од различни давачки кон државата, луѓево ја губат нивната смисла за живот. Бидејќи преживуваат од ден за ден, а веќе и час за час. Како шесточлено семејство би влечело крај со крај ако прима само еден социјален доход? Еве не знам, стварно кажете ми КАКО? Дали нивните деца сонуваат за иднина или пак сонуваат за топол оброк. Дали има човек кој може да ги сослуша и утеши: што, како и каде понатаму.

ВАЖНО пари за избори, референдуми, патни трошкови, луксузни мерцедеси, станови во Странство и вили на Водно МОРА ДА ИМА!!!

Па, како да не ги спомнам заборавените, навредуваните и стално дискриминирани – Ромите. Луѓе кои што нема поле во светот или место каде што не се омаловажени и исфрлани од оваа “лудо” општество. Секој од нас кога ќе види Ром на булевар, веднаш го критикува и се трга од него мислејќи дека тие не се луѓе, дека тие не припаѓаат овде и немаат право на никаков глас. Колку е гадно да гледаме некое Ромче кое е сиромашно и се мачи во животот, да собира и продава пластика, железо и слично. Дете кое не знае за топол оброк, топол дом, пријатна атмосфера со најблиските, смеа, радост среќа или со еден збор дете кое нема достојно опшество. Е токму тоа дете знае дека цел живот зашто е РОМ и се разликува по бојата на кожата, ќе биде гледано со поинакви очи.

Најмило ми е кога ќе слушнам дека некои од овие успеал, завршил високо образование, магистрирал или пак докторирал. Просто восхитувачко! Од роден понижен – до издигнат бизнисмен, секоја чест.

А сега, личности кои цел живот се и ќе бидат осудени од сите. Личности кои се наполнети пред се со физичко! па психичко малтретирање и социјалистичко навредување. Многуте, ама скриени припадници на ЛГБТ групата. Македонијоо! Дали си слушнала за нив? Дали имаш претстава што и какви се овие луѓе. Па вака, ЛГБТ – Лезбејки, Гејови, Бисексуалци и Трансексуалци. Да, секој од нас има слушнато, ама не и разбрано. Токму оваа се луѓето кои од ден на ден преживуваат! Се борат! Издржуваат! Поднесуваат секаков навредлив вокабулар од видот на “педер” или “лезбејко”. До кога државава која за избори и референдуми, како и за тендери ќе има глас и слух, а за овие луѓе ќе нема! До кога тие ќе немаат никаво право? Буквално животни!

До кога ќе бидат просто гадно – недолично угнетувани од секој, од секој поединец ќе бидат исвиркани, исмејувани, зафркавани, градуирани како луѓе коишто се болни, луѓе кои не знаат ништо и луѓе кои се помножени единстевно со нула или попрво да прашам до кога ќе се водат како “умрени луѓе”. Да, многу прашања ама малку разумни одговори.

Народе, во 21 век, каде светот тргнал нанапред, ние не можеме да прифаниме поразлично од себе? За каде сме понатаму?

Сексуалната ориентација и родовиот индентитет не се одбираат, туку такви какви што се припаѓаат некому. Не постои можност тоа да се смени, едноставно ги создал господ такви!

Многумина критикувачи на овие типови на луѓе не се свесни дека истото, сличниот процес на живеење може да му се случи на нивни деца, внуци, роднини и блиски пријатели. Ама што тогаш? Дали гордоста ќе ги надмине и ќе ги натера да ја прифатат ситуацијата каква што е! И веќе еднаш овие личности нема да сметаат за психијаменталнии болни особи. Зашто дел од припадниците на ЛГБТ се економисти, доктори, правници, професори, доценти, ИТ Сектор и така натаму.

Се извинувам и за останатите маргинизирани и загрозени луѓе кои што не успеав да ги споменам! Знам дека ве има премногу, ама знам дека секој разумен човек од нас се бори за сечија ПРАВДА, за сечиј ЖИВОТ.

Тука би се заблагодарил пред се на моето семејство, моите пријатели, блиски познаници, наставници и професори како и сите личности кои на дел помогнале во моето досегашно образование односно во моето разбирање дека сите луѓе во светот се исти. Значи секој човек е од крв и месо! Се надевам го разбравме оваа!

А додека пак нивните различности во полот, возраста, етничката и верската припадност, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, боја на кожа, социјален статус или било што… треба да се занемерат, но да се прифатат такви какви што се. Зашто нивните разлики еден ден може да се сменат и претпочитат, а ние “паметните” би останале со подотворена уста.

Македоници! Живееме во држава која што ја нарекуваме демократска, со владеење на правото! Да не дозволиме вакви дискриминации! ЛОШО Е!

Нека говорот на омраза се острани од нас, нека секој од нас го огрее сонцето на радоста и среќата. Да живееме во свет полн со позитивни и насмеани лица!

#Не уништувајте животи; #Не уништувајте потенцијал на млади луѓе!!!

Станиша Станковиќ, средношколец во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” – Битола