[Став] Гласај, прави врева и користи ја твојата моќ како потрошувач

Што е заедничко помеѓу нелегалната трговија со дрога и стапката на смртни случаи од епидемијата со ебола? Или пак, нашиот досегашен колективен неуспех да ги решиме климатските промени (климатскиот договор во Париз го означува почетокот, не крајот на патот) и неспособноста на Советот на безбедност да го сопре насилството во Сирија и Ирак? Во секој случај – со уште многу кризи во светот, во нивната основа имаат недостиг на политичка волја и неуспешно лидерство. Понатаму, краткорочните индивидуални интереси го засенија сфаќањето дека во вистински глобален свет, нашите судбини се зависни, пишува во колумна за Guardian. поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан.

Погледнете ја еболата. За болеста и за ужасните ризици знаеме дека може да трае 40 години, но и покрај тоа не преземаме ефективна акција. Дури кога стапката на смртни случаи растеше, границите се затвораа и се појави страв од глобален размер за тоа дали сме ги мобилизирале потребните ресурси.

Климатските промени пак, можеби најголемиот предизвик на светот, се решава само во политичките кругови. Научната заедница постигна консензус за потребата од делување, години пред Парискиот договор, а се уште не се знае дали лидерите ќе ја мобилизираат својата политичка волја за вистински да го спроведат. Нелегалната трговија со дрога продолжува да биде закана за јавното здравје и безбедност и да ја поткопува власта. Сепак, многу земји не сакаат да го признаат поразот од војната со дрогата и да преземат пристапи кои вистински функционираат.

Исто така, во економската и дипломатската сфера, гледаме неуспех. Воведувањето поостри мерки против затајување на данок и со користењето на парите собрани за да се инвестира во јавните услуги, се два начини со кои може да се спротивставиме на растот и штетите од нееднаквоста во светот. Оваа година ќе видиме дека богатството на еден отсто од популацијата ќе го надмине на останатите 99 отсто.

Советот на безбедност продолжува да ги рефлектира геополитичките реалности на 1945 година, а не на 21 век.  Но, реформите себично се блокираат, дури и ако загубата на легитимитетот на Советот на безбедност би значела можна загуба на единствениот наднационален форум што го имаме за решавање на прашањата за мир и војна.

Експертизата, искуството и доказите кои ни се потребни за да ги решиме овие и уште многу горливи проблеми веќе постојат. Она што не задржува е недостигот на лидерство што ќе може да ја раздвижи политичката волја потребна за да дадеме решенија. Светот се соочува со криза на лидерство, не криза на знаење.

Според тоа, како обичните граѓани помагаат да се донесе промената што ни е потребна и да ги охрабрат нашите лидери вистински да водат? Дозволете ми да ви дадам три јасни одговори.

Прво, ако живеете во држава со повеќепартиски систем, гледајте да гласате. Можеби е очигледно и старомодно, но е порелевантно од кога било. Истражувањата покажуваат дека младите во се повеќе држави не го користат своето право да гласат. Возрасните гласачи ги надминаа младите во секоја европска држава. Ние мора да го слушнеме гласот на младите, кои разбирливо, често имаат долготраен став.

Второ, правете врева за работите кои ви се важни. Дигиталната ера им дава моќ на индивидуи на невиден начин. Не само што имате пристап до повеќе информации од која било претходна генерација, вие исто така имате можност да контактирате со голем број луѓе, многу повеќе отколку што било возможно години наназад.

Ако не се ангажирате за ефективни решенија, вие им оставате простор на оние со високи позиции или им дозволуваат на политички лидери да ги игнорираат проблемите. Борбата против ХИВ и Сида за време на мојот мандат во ОН напредна благодарејќи на посветено, добро организирано и екстремно гласно тело од граѓански организации кои го оддржуваа притисокот врз политичарите и фармацевтската индустрија.

Ист таков активизам е потребен и денес за да се притискаат нашите лидери за ефективни, долгорочни пристапи во врска со дрогата и климатските промени. Ние мораме да ги модерираме гласовите кои го бараат просторот на нашите градски улици, а особено дигиталниот простор кој засега е најчесто непроверено поле за играње, за оние кои проповедаат унилатерализам, ултранационализам и политики на идентитет.

За крај, користете ја вашата моќ како потрошувач, која сега е неспоредувачка со онаа во минатото. Секој пат, кога купувате производ или услуга, вие поддржувате компанија. Пред да се одлучите кои патики да ги купете или која услуга да ја користете, земете ги предвид нивните бизнис практики. Преку нашата колективна купувачка моќ, можеме да направиме агенда и да воведеме стандарди.

Кога лидерите не успеваат да водат, често гледав како јавното мислење прави да следат. Додека ги разгледуваме нашите планови за новата година, потребно е да ја преземеме својата улога во спроведување на колективната моќ кон подобро во 2016 година. Како што политичкиот филозоф Џон Стјуарт Мил рекол пред 150 години: „Единственото нешто што е неопходно за триумф на злото е добрите луѓе да не прават ништо“.