Уживајте во досадата, не во екранот на вашиот паметен телефон. Ќе научите повеќе за себеси и светот околу вас одошто мислите.
Да признаете дека ви е здодевно значи дека признавате дека имате карактерна маана. Популарната култура е пренатрупана со совети за тоа како да се изборите против досадата: да пронајдете луѓе со слични размислувања, да започнете ново хоби, да најдете кауза за која би вредело да се борите, да научите да свирите на инструмент, да прочитате книга, да ја исчистите куќата. И, никако не оставајте вашите деца да се досадуваат: запишете ги на пливање, фудбал, танц, црковни групи – што било што ќе ги спречи од насочување на нивната досада кон секс и дрога. Ако правите нешто поразлично, значи дека признавате дека не ве интересира светот околу вас. Или дека вашиот мобилен нема батерија.
Но, досадата не е трагична. Ако ја разбереме правилно, таа ни помага да го разбереме времето и да се сфатиме самите. За разлика од забавата или работата, досадата не се однесува на ништо – таа е нашата средба со времето како чиста форма и содржина. Со рекламите и екраните и сеприсутните уреди во нашите раце, повеќе го немаме тоа искуство. Треба да ги научиме младите луѓе да се чувствуваат комотно со времето.
Јас живеам и предавам во мал град во Пенсилванија и некои од моите студенти од поголемите градови ми велат дека си одат дома секој петок бидејќи им е здодевно овде.
Знаете кој е најдобриот противотров за досада, ги прашав? Ме гледаа со очекување, со паметните телефони кои се ѕиркаат од нивните раце. Мислете, им реков. Размислувањето е најдобар противотров за досада. Не се шегувам, деца. Размислувањето е најдобар противотров за досадата. Кажете си себеси, досадно ми е. Размислувајте за тоа. Нели е тоа интересно? Гледаа во мене вчудовидено. Размислувањето не е начин на кој тие се навикнати да се справуваат со здодевноста.
Кога ти е досадно, времето се движи полека. Германскиот збор за „досада“ го искажува ова: langeweile, кованица од „lange“, што значи „долго“, и „weile“ што значи „некое време“. А, времето кое се движи бавно може да изгледа како измачување за луѓето кои не можат да чувствуваат мир во сопствениот ум. Да научите да го правите тоа е токму причината зошто навикнувањето на досада е значајно. Голема привилегија е ако го направите ова без да одите на психијатар.
Затоа, впуштете се во досадата, во тоа интензивно искуство на време недопрено од убавина, задоволство, комфор и сите други темпорални здрави сензации.
Набљудувајте го тоа, како вашиот ум реагира на досадата, што чувствувате и размислувате кога ви е здодевно. Оваа форма на метаразмислување може да ви помогне да ја победите досадата, и да научите нешто за себеси и светот во процесот. Ако ви е тешко медитирањето на ништо, во најмала рака можете да го имитирате William Wordsworth и дозволете тој домаќин на златни маргаритки да се појави во вашето внатрешно око: емоции собрани и вратени во мирот – одразот – може да пополни празни часови додека бавно ве учи како да мирувате и едноставно да постоите во сегашноста.
Не ја заменувајте досадата со работа или забава или навики. Не го гледајте екранот во секој отсутен момент. Досадата е последната привилегија на слободниот ум. Зачестеноста на тоа колку се дружите со луѓе кои ќе ви ги продадат „навиките“, „забавата“ или „работата“ е ваше чисто право да вежбате расудување и вкус. Со други зборови, секогаш верувајте кога досадата ви зборува. Наместо да ја одбегнувате, толкувајте ги нејзините пораки, бидејќи ќе ви дозволат да бидете свои на своето.
Можеби има добри страни да размислувате зошто нешто ви е досадно. Ќе добиете сосема нов поглед на нештата. Држете се до вашата досада. Нема да забележите колку брзо минува времето кога еднаш ќе почнете да размислувате за нештата кои ви се досадни.
Пишува Gayatri Devi, вонреден професор по англиски јазик на Lock Haven универзитетот во Пенсилванија.
Извор: Guardian