[Став] Европските вредности – предизвик или реалност во нашето општество

Пишува: Арта Селмани

Европските вредности се вистински предизвик за нашето општество, но и се реални за постигнување.

Многумина ЕУ ја гледаат како загуба, а другите како вистинско постигнување. Велика Британија ја напушта Европската Унија, откако Британците на референдум се изјаснија за излез на земјата од Унијатa. Како прва држава во историјата која ја напушта ЕУ.

Создавањето на ЕУ почнува со декларацијата на Роберт Шуман на 9 (деветти) мај 1950 година, каде ја воспоставил идејата на Жан Моне, за соединување на европските индустрии за јаглен и челик. Сo 27 држави членки без Велика Британија, население од 450 милиони жители, станувајќи третата најголема држава после Индија и Кина. Втора со најјака економија во светот со ГДП, прва со најголем пазар и трета со најјака армија. Но, создавањето на ЕУ, имала единствена цел, и тоа е создавање МИР, за нејзините граѓани и целиот свет.

Европејците се многу вешти во војување, и низ целата нејзина историја имале меѓусебни крвави војувања. Еден век ривалитет меѓу Германија и Франција, го зедоа животот на милиони граѓани и за тоа Германија составија посебен збор „ERBFEINDSCHAFT“, со значење – вековна омраза.  После Втората Светска Војна, Европејците одлучија да воспостават мир, кој ќе трае и нема да се базира на воените сили. Наместо ова, економијата, политиката и граѓаните на Европа треба да се тесно поврзани меѓу себе, гледајќи ја војната како непрактична и незамислива за постигнување цели.

Овој план функционирал!

Меѓу членките на ЕУ има веќе 70 години мир. Европејците, односно граѓаните на ЕУ профитираат од многуте индивидуални слободи. Се обезбедуваат : лесни и небирократски услови за патување, евтини телекомуникации, разновидност на стоки и услуги, силно здравство и многу добро организирано, и безбедносни стандарди.

Неограничените патувања и можноста за вработување низ целата Унија ја олеснува можноста за размена на трудот и идеите. Многумина изразуваат недоверба кон ЕУ. За нив, Брисел се наоѓа многу далеку, невидлив, технократ и тешко разбирлив. Но, затоа е потребна транспарентност и одговорност од страна на Европските институции за да ја освојат довербата на своите граѓани.

Европските држави ги укинуваат националните валути со цел создавање единствена европска валута, која се вика ЕВРО, и овозможува укинување на трансакциски стапки за купопродажба. Со тоа, е овозможено создавањето на најголемиот пазар во светот. Рапидниот раст на економијата овозможува создавање на многу работни места, и за сите тие региони со слаба економија и слаба инфраструктура, институциите на ЕУ обезбедуваат милијарди евра секоја година во различни фондови за помогнување во креирање на прифатлива инвестициска инфраструктура.

Европската Унија е уште незрела и и треба многу труд за постигнување на поставените цели. Но, со сигурност може да се каже дека ЕУ ги прави Европејците посилни. Најзначајното е тоа што е ЕУ ни дава мир, сигурност, безбедност и силно чувство на сличност, но и нешто што сите го посакуваме во овие турбулентни времиња – стабилноста.

Европските вредности се значајни за самата држава да е модерна, стабилна и развиено општество. Ние треба самите да ги поставиме целите што треба да ги постигнуваме, а да не очекуваме други да ни ги донесат истите. ЕУ, како збир од вредности, не само што гарантира нејзините граѓани и компании каде слободно можат да се движат, туку го гарантира и почитувањето на заедничките структурни вредности на ЕУ. Европската Унија, не само што помага во одржувањето на мирот во светот, туку и на демократијата, човековите слободи и права, владеењето на правото во и надвор ЕУ.

Фундаменталните вредности без кои ни една држава не може да биде дел од ЕУ се: почитувањето на човековото достоинство и права, слободата и еднаквоста, демократијата и владеењето на правото. Никој не сме да биде дискриминиран, напротив, граѓаните и владетелите треба да се почитуваат меѓу себе без разлика на моќта. Секој треба да се третира правилно и на секој начин да се брани послабиот. Сите овие вредности се наоѓаат во Лисабонскиот Договор – каде се зборува за универзалните права на сите граѓани. Демократијата како систем на владеење, каде официјалните избори го покажуваат нивниот легитимитет и авторитет со непосредни и тајни избори. Потоа, владеењето на правото како структура на легални принципи, како што се: принцип на легалитет, принцип на безбедност, и пристап до независни и непартиски судови.

Во артикал 2 на ДЕУ се споменати уште неколку вредности, кои се производ на Лисабонскиот Договор. Тука се два примери: почитувањето на човековото достоинство и права и почитувањето на правата на малцинства, кои стапија на сила во 2009 година. За сите држави кои посакуваат, или тие кои се на пат да станат членови на ЕУ, интересен е артикал 49 на ДЕУ, кој подразбира целосно и дефинитивно почитување на артикал 2 од ДЕУ. Треба да се спомене дека 28 држави кои се членки на ЕУ, половина од нив кои имале авторитативно владеење пред да се зачленат, со зачленувањето се трансферирани во демократија. Кога почнуваат преговорите, постои еден процес наречен европеизација. Под него се подразбира она кога еден неевропски субјект адаптира бројни европски вредности и норми.

Дали се овие вредности предизвик или реалност во Северна Македонија?

По мое мислење, Северна Македонија има направено големи чекори кон остварувањето на горенаведените вредности кои ја прават сериозен кандидат да стане членка на ЕУ. Но, има неколку предизвици, за кои се вложува голем труд за да се преминат и да се усогласат со европските норми.

Конкретни примери од последните години кои ќе ги споменам се: разрешување на спорот за името и договорот за добро соседство со Грција и Бугарија, но исто така и претседателски избори кои беа мирни, слободни, демократски и многу добро организирани. Значи, видно и значајно е подобрена позицијата на државата. Исто така голем исчекор е и членството во НАТО. Северна Македонија е дел од семејството на НАТО, семејство на сигурноста; каде заедно сите сме посилни и побезбедни.

Република Северна Македонија веќе подолго време се подготвува за зачленување во Европската Унија. Поседувајќи статус на кандидат за членство од 2005 година, очекува да започне преговори со Унијата како последна фаза пред конечното пристапување кон ЕУ. Повеќето држави го поддржуваат нејзиниот влез во ЕУ, но не и Бугарија, која стави вето па оваа ситуација продолжува до формирање на тамошната нова политичка влада. Надежта е дека ќе се формира политичка влада после изборите, за да може да се реши овој проблем, а  РСМ да добие зелено светло за ЕУ.

Кај нас, како предизвик уште ја гледам и слободата на говор, за која и покрај големиот труд, мислам дека треба уште да се бориме. Ако сакаме да ги чуваме вредностите за кои сме горди, една Европа со вредности е најдобриот начин за да се осигураме дека нашиот глас е слушнат во целиот свет.

Арта Селмани е магистранд на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје