[Став] Jon Stewart – кралот на деконструкцијата и политичкиот хумор

Денеска е мошне тажен ден во светот на политиката, медиумите, политичкиот хумор и сатира. По 16 години во улогата на водител на „The daily show”, Jon Stewart вчеравечер го имаше своето последно шоу . Триесетминутната емисија на Stewart беше водечкото политичко сатирично шоу на ТВ со просечна публика од еден милион гледачи и често споменувано како главен извор од кои младите ги слушаат вестите на денот.

И додека јас се уште не можам да се одлучам дали поголем херој за мене е Stephen Colbert или Jon Stewart, денеска се соочувам со фактот дека двајцата веќе ги немаат своите вечерни шоуа.

Утрово насловите на сите светски медиуми се преплавени со биографијата и успесите на Stewart и неговото револуционирно позиционирање на медиумската платформа во САД, но и во светот.

Овој текст не е новинарско парче со цел да информира, па затоа ќе тргнеме од претпоставката дека сите го имате гледано шоуто и дека сите знаете кој е Jon Stewart, и наместо на тој аспект ќе се фокусираме на кои моменти од неговата кариера кои сме ги виделе, а ни оставиле најголем впечаток.

Следуваат моите пет омилени интервјуа и неколку омилени сегменти од Jon Stewart:

1. Jon Stewart vs. Judith Miller (#став)

Jon Stewart е новинар кој конзистентно ја критикуваше одлуката на САД да одат во војна во Ирак. Неговото несогласување со оваа интервеција го направи шоуто место за рационална аргументација против војната како и место каде ќе се деконструираат и изложат триумфализамот и нелогичните тврдења. Затоа беше ужасно интересно кога ја имаше како гостинка поранешната новинарка на NY Times, која беше интегрален дел од големи контроверзи заради нејзини статии во кои таа ги покриваше војната во Ирак и оружјето за масовно уништување. Весникот подоцна се изјасни дека дел од сториите кои оваа новинарка ги има напишано содржат неточни информации.

Во ова интервју Stewart ги предизвикува нејзините пишувања во овој престижен медиум, и ја обвинува за непрецизно известување и долевање на масло во огнот во одлуката да се интервенира во Ирак.

2. Jon Stewart на „Crossfire“ (#CNN #медиуми)

Во 2004 година Stewart гостува на шоуто „Crossfire“ на CNN. Стујард има долга историја на критика кон водечките медиумски куќи во САД што не ги изоставува и вестите на CNN, вклучувајќи ја и тогашната квазиемисија – „Crossfire“. Доволно е да кажеме дека еден месец од гостувањето на Stewart, емисијата беше укината од програмата на CNN.

3. Jon Stewart и претседателот Barack Obama (#политика)

Ова интервју датира одпретседателската трка во 2012 година. Obama во тој момент ја бараше довербата од гласачкото тело за втор мандат за претседателската позиција. Од денешна перспектива медиумскиот секретар на Obama, Jay Carney, изјавува дека ова интервју било „најтешкото“ интервју кое претседатеот го имал во кампањата во 2012.
Иако искрено ова интервју не е во ништо драмaтично или интересно, фактот што претседателот на САД седнува тет-а-тет со комичар водител на вечерно шоу зборува за влијанието и важноста на Jon Stewart во американскиот јавен дискурс.

4. Jon Stewart vs. Bill O’Reilly (#FOX#медиуми)

Има ризница на интервјуа меѓу Stewart и O’Reilly како и една не-така интересна „претседателска“ дебата меѓу нив. Бидејќи не можам да одберам кое повеќе ми се допаѓа, ви го споделувам изборот на Washington Post за петте рунди меѓу Neo и агентот Smith. Тука мора почесно да се спомне генијалното гостување на Stephen Colbert кај Bill O’Reilley.

5. Jon Stewart и Spice Girls (#поп_култура)

За крај морам да го додадам ова мошне чудно интервју со две членки на групата Spice Girls. Патем речено, кога Stewart го започнува шоуто во 1999 година, започнува со товарот дека треба да третира поп теми, како и сите слични водители на вечерни шоуа. Генијалноста на Stewart и неговиот тим е во тоа што успева да ги направи дневните вести и политиката интересни за публиката.

Бонус трака во овој сегмент би бил коментарот на Stewart кај David Letterman за претседателот George W. Bush:

За крај, има илјадници кратки видеа од шоуто на Stewart кои се фокусираат на различни теми, но има едно видео на кое засекогаш ќе се сеќавам, најверојатно заради контекстот во кој денеска живееме ние во Македонија.

Jon Stewart vs. Glenn Beck, уживајте:

А, да, сличностите меѓу Glenn Beck и еден наш водител се запрепастувачки. Редно е да заклучиме дека доколку го имаме Beck, веројатно некогаш ќе се појави и нашиот Jon Stewart.

Лазар Поп Иванов