[Став] Дислексија или дисорганизација?

Хипократ рекол: Животот е краток, уметноста трајна. Должноста на лекарот не е само да го обезбеди она што тој самиот мора да го стори, туку да им овозможи на пациентот да го направи и своето.

Според мене гледана ова реченица во социјален аспект би гласела: Животот е краток, уметноста трајна. Должноста на луѓето не е само да го обезбедат она што тие мора да го сторат, туку да им овозможат и на другите да го направат и своето.

Образованието не е само составен дел на едно општество. Тоа е цела алка, составена од повеќе аспекти. Aкадемската вештина, потоа социјалната и емоционална. Мозокот на секој човек функционира различно. Човековиот мозок си има свој начин на функционирање и реализирање на информациите и има толку софистицирани атрибути што некогаш не можеме да претпоставиме што е следно. Нашиот мозок е невропластичен, тоа накратко би значело мозокот би моожел да ја промени својата структура и функционирање како одговор на активност или ментало исксутво. Порано мозокот го сметале како алат кој ако еден дел се расипе, не може да се надокнади, сега научниците наоѓаат начини и методи како тој изгубен дел да се надокнади.

Голем дел од нас знаат што е дислексија. Тоа е состојба (не е болест) која мозокот различно ги процесира говорниот или пишаниот јазик. Се смета дека кај дислексичарите, поразвиена е десната од левата хемисфера и имаат просечна или надпросечна интелигенција. Самиот тој дисбаланс помеѓу хемисферите (тие функционираат заеднички, односно се координирани помеѓу себе) може да доведе до различни состојби. Попратни симптоми се: дискалкулија (проблеми со математички операции ), дисграфија (проблеми во пишувањето), дисортографија (додавање или испуштање на букви, заменување на букви, граматички неправилности ) и тн.

Но, како се одвива образовниот процес кај нас за оваа група на деца? Мислам дека наставниците се свесни дека во едно одделение можат да имаат различни типови на деца. Односно сите тие се различни. Наставникот е информација која децата ја примаат и интерпретираат. Што доколку едно дете чита поспоро од другите деца, не ги разбира текстуалните задачи, не се снаоѓа во просторот, а самото тоа што не се снаоѓа во просторот може да пројави проблем од каде да почни во тетратката, има лош ракопис (дисграфија ), не ги препознава буквите, испушта букви, додава букви при читање….

Најчесто наставниците реагираат на тој начин што детето го прават мрзеливо, неспособно, не се труди, не е како другите, не сака да вложува во себе, дури сум слушала коментари од наставници од типот „толку го бивa”. Сега таа примена информација, што ја слуша од наставникот, детето ќе ја интерпретира најкатастрофално што може (детските мозоци уште понегативно ги гледаат работите ) и емоционално ќе страда.

Што направивме поради нашето незнаење? Емоционален дисбаланас, прво тоа правиме. Второ, често ваквите коментари од наставниците влијаат на цело одделение. Децата со дислексија најчесто трпат „насилство’’ во училиштата. Велиме, децата немаат омраза во нив, тие не знаат да мразат. Но, ако слушаат вакви видови на информации и истите ќе ги интерпретираат. Наставникот е должен да ја состави таа атмосфера во класот и да стигне до степен децата да се ценат и почитуваат меѓу нив. Да, тука голема улога зема и домашното воспитување, но со добра евалуација на работите, проблемот ќе се реши. Дали поентата е да има петка математика или поентата е да израснат во здрави личности? Доволно е да го замрази училиштето и да немаме никаков напредок.

Не знам и се уште не го разбирам видот на оценување кај нас. Прво, немаме стандардизирани тестови. Пет на четири или четири плус… Или е четворка или тројка. Второ, ако имаш ученик со дислексија, наставникот е должен да го изработи  тест според потребите на детето, за истиот да го разбере и ја добие вистинската оцена. Сега има посебен фонт за дислексија и посебни методи и начини, за да не заостанува и не добива фрустрации.

Испрашувајте усно доколку не знаете како. Ако на едно дете му е потребно 15 минути да реши еден тест, на дете со дислексија ќе му бидат потребни 30 минути да реши тест. Самата природа на детето налага  некои работи да се променат. Тоа не значи дека не знае, туку му треба повеќе време од другите. Доколку пишувате на табла, оставете простор за детето со дислексија да ја препише таблата и користете кредички во боја. Не форсирајте! Еднаш изгубена доверба, може да е трајна. Не влегувајте во неговиот личен простор. Ако испрашувате усно ОСТАВАЈТЕ ПРОСТОР. Потсетувајте го. Не дека не знае, може да не му текнува! Читајте заедно, решавајте заедно. Свесна сум на фактот дека во едно одделение има триесет деца и тешко е да се одвојува време за секое поединечно, но исто така сметам дека пет минути од часот можат да се одвојат за да се реализираат некои работи.

Проблемот не е до дислексијата, проблемот е до дисорганизацијата и незнаењето како и на кој начин да се постапи.

Елеонора Наумоска, специјален едукатор и рехабилитатор