[Став] Царина: Нешто да пријавите? – Две финалистки на светско !

Текстот е многу личен и е осврт на она што се случуваше пред и за време на Светското универзитетско дебатно првенство во Солун. На почеток ќе ви извинам за мојот речник во овој текст, ама мрзам формалности од секаков тип, па така и литературниот јазик во овој текст ќе биде подзанемарен (сори Блаже) чисто ради убавината и среќата за темата за која ќе пишувам. Е сеа коа ги расчистивме стварите  да почнеме…..

Поминаа скоро десетина денови од она што за мене како индивдуа со своите 27 години беше еден од најубавите и најсреќните моменти во мојот живот досега… Ахх животе ти луталицо што би рекол Алексич ^^ . Почетокот на оваа прича започнува далечната 2013 година кога нашиот драг и никад фрлен од четврти спрат Манос Москопулос решава на 15 септември (тука негде беше мислам) да ги земе работите во свои раце и со Грчкото дебатно друштво и градот Солун да се кандидира за домаќин на Светскиот шампионат во дебата за 2016та година. Го знам човекот подугачко од тоа, иако на моменти животот знаел да ми го направи доста стресен (типичен Грк нели?) арно ама во неформална комуникација со мене и Анте (мојата повисока половина и неразделив дел од една од најдобрите и најубави причи наречена Стрим Тим на Радио МОФ) ни спомна дека у фазон, дечки вие ќе го стримате Светското чисто да си знаете… Го паметам само одговорот на Антиш кој гласеше – Remind us again in 2015 :) . Као чоек со егејска вероисповест ќе останам доследен на своите корени и  ќе бидам скромен и нема да навлагам у тоа зошто баш ние бевме тие кои требаше да го стримаме тој светски шампионат, па ќе оставам ДЕЛАТА ДА ГОВОРАТ ! ! !

Е сеа…. (као ја почнувам реченицата замислете дека свири Air од Бах) да се посветиме малце на главните протагонисти у причава и виновници за овој текст. Било је то давно кога се деси првиот успех на дебатната програма на МОФ. Лазе и Виски…. луѓето кои започнаа да ја пишуваат историјата на дебатна на МОФ со освојувањето на ЗНАЧИ ОПЕН во Будимпешта :) Следствено на тоа, истиот тој тим успешно отиде на Светскиот дебатен фронт (Светскиот дебатен шампионат ама ради тоа што многу сакам WW2 тематика, боље звучи вака) во Берлин каде што македонскиот батаљон составен од овие двајца стигна до четвртфиналето на светското првенство. Секако тука нема да ги заборавам Петар Ивановски, Бујо и Сарафиновска кои од нигде никаде развалија на Светскиот шампионат за средношколска дебата во Ирска, а беа најголемите underdogs кои дебатниот свет до тогаш ги имаше видено. И тука (леле И на почеток на реченица dios mioooo) стапува еден дебатен молк…… За влакно избега брејкот на Милка и Теди во Загреб на Европското 2014 година, Светското 2014 во Малезија и 2015 во Индија останааа непосетени (пошо нели, трите милиони евра што ги добивме од Сорос, а за кои ни кажа Сител, беа искористени за 3 бензиски пумпи, 2 за точак, една бош итн итн итн…).

Шифтаме декември 2015 година… Еден месец пред почеток на светско…. Пријавени три тима, а ние неаме пари ни за еден… Грците ни викаат, ќе платите на лице место, само дојдете… Иаме стрим тим :) Се склопуваме ја, Анте и Марко Ѓоргиев како стрим тим и започнуваме со припреми за нашиот прв светски шампионат. Камери, кабли, видео декодер картици, дизајни за телопите (Алексич, никад не си ме разочарал!) , од далечина интернет тестирања со АјТи тимот на организаторите во Солун ( Хари, Артемис, Никос, Ангелос, Јорго …. Момци… работите на мојот начин… СВАКА ЧАСТ! ).

Сплетот на околности остана да само овие две личности да бидат со желбата да дебатираат на Светскиот шампионат во Солун. Теодора Столевска и Милка Геровска (подоле во текстот попознати како Теди и Милка). Ги познавам овие две од нивните почетоци во МОФ…. Деца кои улетааа во дебатната програма на МОФ…. Ние го пораѓавме Радио МОФ во тие денови додека тие ги започнуваа првите чекори во дебатниот свет… Национални шампиони…. Турнири… Европски шампионати…. Викаат дека Рим не бил изграден за ден…. Можеби така требало да биде и оваа приказна… Некад градиш ствари сам, ама понекад ти треба и помош…. Да бидеме реални… 800 јурци за наши услови се прилично многу кеш, а толку беше и партиципацијата за тим на овој светски шампионат… и нема да навлагам понатаму. Една работа која ми е многу мило за организацијата во која работам и членувам е помошта, несебичноста и пред се интелектот во истата ( мала тајна е само дека од толку многу интелектуалци 5 посто сме со возачка Б категорија, но тоа за друг муабет :)  ) . Желбата на Милка и Теди остана да идат на светско, a остаанааа јалови барањата за спонзорства и финансиска помош овие две девојкки да отидат на вакво елитно натпреварување, а од мој аспект последна шанса да покажеме заби во дебатниот свет, без разлика на голготата која ја поминуваме. Кога работите се чинеа завршени МОФ на само 3 недели пред почетокот на шампионатот реши да одвои 800 евра ( нели од трите милиони кои ги добивме од Сорос) и да ги претставува боите на Македонија на тој светски шампионат. Да се разбереме за последниот дел…. Ја претставуваат својата држава поради тоа какви личности се, (во очите на мнозинството декларирани како ПРЕДАВНИЧКИ), а не дека државава им дала било каква помош да отидат на светско… Сепак, јас ќе го посочам како претставнички на најдоброто од Македонија, а што е најдоброто? Е тоа златни мои вие треба да си одлучите!

Поголемиот дел од дебатниот свет има тимови кои имаат, финансии, тренери со кои поминуваат месеци подготвувајќи се за турнири, а да не зборам за светски шампионати! Ке ја спомнам и  подготовката на овие две  девојки кои до вчера не знаеа дали ќе дебатираат на светскиот шампионат. Ич нејќам да зборам за тоа дека Милка која според Каракамишева имаше љубовни маки со образованието во Република Македонија и реши да студира во Германија, а Теди како координатор на дебатната програма во МОФ пред себе го имаше месец декември во најтурбо годината за МОФ од моето членување во истата со настани како Магна Карта, Аргумент 2015, Отворено и Скопје Опен 2015 и ред други ствари…. Девојките направија 4 подготвителни дебати! Неизмерна благодарност до сите кои учествуваа во истите….. во најхаос месецот за МОФ… Да не зборам дека МОФ ради „неплатени сметки за струја и слични објаснувања од ЕВН“ немаше струја 2 денови, а успат се исподесија и други „пиздариии“ за кои не би коментирал. Сепак со помош на космичките сили и Џобу (Џобу ќе биде објаснет малце покасно) овие две цури, на 27 декември, стигнаа во Солун, додека стрим тимот беше ден порано поради техничките подготовки кои налагаа да бидеме таму и да реагираме навремено доколку се појави било каква фрка, а како професионалци (да, до толку сме добри и не го кријам тоа) никад ништо не препуштаме на случајот.

Кратко објаснување околу агендата на овој светски шампионат… 9 прелиминарни рунди… четврт… полу… финале…. 3 категории… (Open – Англиски како мајчин говорен јазик, ESL – Англиски како втор јазик, EFL – Англиски како странски јазик каде што спаѓаме ние). 9 рунди дебатираат сите 3 категории заедно, додека после плејофот се дели на овие 3 категории.

На ден се одржуваа по 3 рунди, за по 3 денови да се знае кој влегол во брејкот (плејофот за вас недебатерските познавачи). Е сеа, драги мои… Дебатна на МОФ си имаше такозвано ФЕНГ ШУИ кое беше користено за овие дебатни настани (објаснето во текстот ЗНАЧИ ОПЕН ЗНАЧИ ПРВО МЕСТО кое ви е потенцирано погоре во текстов). Е сеа, по тоа ФЕНГ ШУИ, решивме за мал апгрејд кој се нарекува ЏОБУ. Кој е ЏОБУ? Веруем дека вие љубителите на филмовите на  Ќубрик, Фелини, Куросава, Долан, Нолан, Молан и компанија нема да го знаете, ама за нас обичните смртници кои израснавме со филмовите како Little Giants, Spy Hard, Naked Gun, и Major League – кај што Џобу прв пат се појавува, лично ЈАС решив да одиме по теркот на Педро Сирано во Major League  и да го присвоиме Џобу за наш бог. Погледнете го клипот за да видите за што всушност се работи (изглејте го цел ве молам).

Се молевме на Џобу ама се молевме и на Теди и Милка…. Ќе бидам искрен, потајно во себе имав чувство дека ова ќе биде убава приказна, али BuPa во мене не дозволуваа да бидам до толку самоуверен… Се потсетив на сцената во Rocky Balboa (6тиот дел од Rocky серијалот за неупатените) каде што Роки кажува – Aint over till it’s over…. Работите тргнаа прилично добро…. Аххх кога ке ми текне на фаците што ги правеа луѓето после првиот ден дека цуриве им иде прилично добро, а нив ги гледаа како тим кај што ќе можат слободно да ги исплескаат и да ги пратат дома после 9 рунди, идентична прича како Роки кога се бори со Аполо Крид во првиот дел … САФ во еден од своите текстови рецитираат

–  Тестираат издржливост на балканското заморче, па ајде кажи дали те боли бре Македонче!

Искрено, има некоја убавина у тоа да си израснат тука… Без разлика колку пати да бидеш утепан, продужуваш да се бориш, да покажуваш заби, онака, типчно нашки… Се потсетив на жената што требаше да ја исчисти читалната во 8 сабајле за време на моите студентски денови. Ми улета во читалната во Браќа дур го спремав првиот дел од испитот „Современи економски теории“ со книга напишана на спрско хрватски јазик издадена 80- тите години… До кога ќе седиш момче? –  ДО СМРТ! Епа така и Милка и Теди… Девојките немаа што да изгубат, а покажааа срце, дух и спремност поголема од било кој што го имам запознаено во животов, вклучувајќи ме и мене.

Третиот ден знаевме дека стоиме добро на бодовната листа, но поради правилата, последните 3 рунди резултатите не беа објавувани ради калкулациите и останатите работи и со цел да биде поинтересна вечерта кога ќе биде ждребката за брејкот. Нејќев да ја презентирам мојата тензија кај нив ( а тие што добро ме познаваат знаат колку тоа е тешко да го кријам) сепак присебен на третиот ден каде што се последните три прелимирани рунди кои може да значат слава, но и поглед кон бездната. Уште не си веруем на себе како останав присебен пред нив две, а важам за ептен срчан чоек, а Теди и Милка најсмирени на свет,  апсолутно се водеа од моментот дека немаат што да изгубат и дека се што ќе направат е само плус и ништо повеќе.

Заврши тој тензичен 31 декември од таа тензична (за сите нас) 2015 година. Вечерта 31 према 1 јануари стандардно на новогодишната прослава се објавуваат резултатите од 9те прелиминарни рунди и тоа кои тимови брејкаат….Спремајќи се со Марче и Антиш за вечерта и за брејкот и најавив дека ако брејкаат ја пееме WHO LET THE DOGS OUT инспирани од клипот на SouthPark.

Си честитаме Нова година така фино лепо по процедура (ме контате тка?) и некаде накај 12 и 30 почнуваат да објавуваат кој што како… Џобу се разбуди…. Први во EFL категорија со 14 поени…. Милка и Теди…. WHO LET THE DOGS OUT???? WHO??? WHO? WHOOO????……. среќа…. прегратки…. среќа… прегратки… не ми се веруваше…. Се стрчав надвор да ја сопштам убавата вест…. Алооо Вискииии… ПРВИ БРЕЕЕЕЈК!!! ААААААААААААААААААААА……..

Capture444444

2016та… Добро изглеаш све да ти све…. Први јануари фрај за сите… Чилање поред солунско пристаниште, у позадина ти свири What a wonderful world, си брцаш гиро, грчка фанта…милина!  Втори јануари време е за дебата поново. Нема предавање тука во Солун! Работите беа такви да поради бројот на EFL тимови нашите девојки да бидат директива у полуфинале. Аххх тоа полуфинале…. Дојде и тој ден, ние спремни за стрим, девојкиве за полуфинале… Се обидов да ги охрабрам колку што може, ама пак на крај они ја имаат палката, а јас не…. Чекајки во собата за објавување, по грешка, тезата за полуфиналето ја добиваат 7 тимови меѓу кои не и нашиот. И така (леле пак И на почеток на реченица) го глеаме спикерот кој објаува кој ќе дебатира во четврфиналињата за ESL и најавува дека сега почнуваат EFL полуфиналињаата…. Срипуваме тројцата дерејќи се – ТЕЗА ТЕЗА ТЕЗА??? ( на англиски MOTION, MOTION, MOTION????? ) Кај е објавена тезата??? Како можете ова да го праите??? Драги мои… тезата за EFL полуфиналето беше објавена на папир, несоопштена јавно на местото каде што треба да биде соопштена. Голем пропуст кој подоцна беше исправен… Го паметам добро тој момент… Девојкиве растревожени, како е можно ова да се деси, а ние трпеливо саат време чекаме за објавување, за на крај организаторите сами да си ја воочат грешката и полуфиналето во кое они дебатираат да биде поништено да биде дадена нова теза за девојките да се спремат. Повторувам… немаме никаква врска со оваа грешка, организаторите сами си ја признаа. Беше пекол…

Благодарност до Марија Максимовиќ од српската делегација, која навремено ме тргна од луѓето кои ја направија грешката при објавувањето велејќи ми: – Були смири се, не на нив, не се они криви, смири се, ќе биде средено. Ме болат неправди… ама оваа неправда за нив две, едноставно не можев да ја истрпам…. Се исправи грешката и четири тима во полуфиналето добија нова теза. Ми се враќаа слики и моменти од тоа колку оние се дадоа за да стигнат до тука за на крај од туѓа грешка да се деси срање. НЕ ВО ОВОЈ ФИЛМ све да ви све. Ги погледнав Милка и Теди пред влезот во собата кај што дебатираа… Ќе бидам искрен во тоа што им го кажав, а зборовите беа на место… НЕ ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ ОВА, РАСПЛАКАЈТЕ ИМ ГО ******************** (знаете што следи кај ѕвездичките). Така и бидна…. ГИ РАСПЛАКАААА….AND IT FELT SOOOOO GOOOD!

Ја чекав само формалноста после тоа…. Ги гушнавме со Марче додека чекавме објава за кој тим влегол во финалето, додека Анте се уште го стримаше полфиналето во ESL категоријата.

finaleeeeeee

Знаете она кога ти е толку убаво што се тресеш од среќа? Епа тоа! Не би ме разбрале повеќето знам, ама верујте ми, многу е убавооооооооо… Би го посакал и на најголемиот душман. Едноставно преубаво е! А поготово кога ја знеаш голготата до тој резултат? Се надевам дека ќе ме разберете, ако не, требаше да бидете со нас во тие моменти и ке сконтавте :) (мала шала, ништо лично драги мои).

Тоа е тоа…. Следното нешто што памтам е Марија и нејзината пријателка Ангела од српската делегација кои не прашуваа – Македонци, што ќе пееме утре на финале? МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ се согласивме, притоа да бидеме прибрани за Милка и Теди да не дознаат за сценариото. Благодарност огромна до О.К (Отворена Комуникација – Белград за поддршката за нашиот тим во финалето). Дојде трети јануари и дојде тој час каде што се упативме кон местото каде што се одржуваше финалето. Тука не можев да ја кријам нервозата и стресот. Премногу е ! Седејќи со Теди во автобусот кој не возеше до местото се трудев да ја смирам нејзе, а самиот во себе знаев дека тоа е факинг невозможно… Истата мисија ја имаа и Анте и Марче со Милка…. Бевме сведоци на историја, а Милка и Теди беа личностите кои ја пишувааа таа историја. Ги тргнав настрана пред да се упатат кај луѓето кои требаа да им ја кажат финалната теза и 15 минути спремање за таа теза.

Ги тргнав на страна дветте…

– Девојки…. Денес е 3ти јануари…. Денот кога е роден Михаел Шумахер…. Еден од моите херои…. Тој напиша историја во Формула 1 ! 7 светски титули! Денес е 3ти јануари… Денот кога вие дебатирате во финалето на Светското дебатно првенство… Вие пишувате историја! АЈДЕ!!!!!!!

Нема да го заборавам почетокот на финалето и најавата на истите, а околностите беа такви да нашиот тим да биде последен (Closing Opposition)  према правилата. ( По редослед, Opening Government, Opening Opposition, Closing Government, Closing Opposition).

mak devojceОд лево кон десно… Џорџе, Марко, Сара, Ангела, Марија, Јас, Анте и Јелисавета…  МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕЕЕЕЕ, КИТКА ШАРЕНААААААААААА, ВО ГРАДИНА НАБРАНАААА ДАР ПОДАРЕНАААА… ДАЛИ ИМАААААА НА ОВОЈ ВЕЛИК СВЕЕЕЕТ…. ПОУБАВО ДЕВОЈЧЕЕЕЕ, ОД МАКЕДОНЧЕЕЕЕЕ!!!!!

Бидна финалето, во кое силите ги требаше да ги одмериме со тимовите од Грција, Индонезија и Германија. Дуелот остана на крај помеѓу нас и Грција за на крај Грците да се покажат подобри. Боли, не велам не…. И не, нема да алудирам на тоа што мислите дека ке алдудирам. Колку треба да си голем во победата исто така толку треба да си голем и во поразот. Тек сега кога го пишувам ова ми има смисла тоа што им го кажав пред финалето. На Шумахер му требаа 3 години од влезот во Ф1 да стигне до светската круна. Ф1 кажано, додека на овие девојки во својата деби сезона во Светскиот шампионат во дебата стигнаа до финалната трка, а тој не.

Драги мои, Теди и Милка презентираа на вистински начин колку се може кога нешто искрено се сака, кога нешто искрено се прави, кога вистински се залагаш за него.

Златни мои Милка и Теди – Сите варијабли беа против вас ама на крајот вие ги победивте. Тоа е она нешто што многу луѓе го немаат, а вие го имате. Можеби го имаа цело знаење на светот, ја имаа подготовката, ја имаа поддршката…. Имааа се…. АМА ВАШЕТО СРЦЕ НЕ !

AINT ABOUT HOW HARD YOU HIT. IT’S ABOUT HOW HARD YOU CAN GET HIT AND KEEP MOVING FORWARD. THAT’S HOW WINNING IS DONE! – ROCKY BALBOA

Теодора Столевска и Милка Геровска –  ФАЛА ВИ !

За мене веќе сте во редот на великаните како Гоце Делчев, Михаел Шумахер, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Now sit back and enjoy the ride ^^ 

Своерачно,
Димитар Вандовски – Були

P.S:
На граница
МК Царина: Имате нешто да пријавите?
Ја: Две финалистки во светски шампиониот во дебата, едно трето и едно четврто говорничко место.
МК Царина: Во што?
Ја: Во светско првенство во дебата!
МК Царина: АЈДЕ ТЕРАЈ!

P.P.S:
Теди драга…. Еден муабет кога дознавте дека идете на светско.

Capture122222222222222222222
P.P.P.S – Марче, Анте… Чест и задоволство што бевме екипа за стрим. GG WP! #EQUITY 
IMG_0477+B&W

* Изнесените ставови на авторот во оваа колумна можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на Радио МОФ.