„Статуафест“ – другата страна на улицата на 14 и 15 септември во Скопје

Интернационалниот фестивал за улична уметност „Статуафест“ годинава ќе се одржува на 14-ти и 15-ти септември со почеток во 18:30 часот на улица „Македонија“ во Скопје.

Покрај уметници од Македонија, живи статуи ќе пристигнат и од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина.

„Повеќе од десет години работиме како улични живи статуи, работиме под маски, под разни костими, кои карактеризираат нешто конкретно, направени автентично за да ја раскажат нашата приказна која покрај тоа што го забавува народот по улиците, цели и кон тоа да биде дежурното око на социјалното живеење и да ја демонстрира потребата за подобар живот“, велат од Театроск.

Целта на овој фестивал е градот Скопје, а и Република Македонија, да ги стави на светската културна мапа на уличните уметнички фестивали и од година во година повеќе и повеќе да го развива и да тргне во насока која ќе го направи еден од највлијателните фестивали од ваков карактер, во Европа, па дури и во светот.

Освен живите статуи ќе има диџеј сетови и музички бендови.