Статистика: Расте бројот на магистри, специјалисти и доктори на науки

Во текот на минатата 2015 година со звање доктор на наука во земјава се стекнале 246 лица, а со магистри и специјалисти 2.440 лица, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со претходната 2014 годинa, е зголемен за 11.2%, додека за доктори на науки е поголем за 19,4. Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2015 година изнесува 58.6%.

Најголем број од лицата кои докторирале лани се во областа на општествените науки 29,3 отсто, потоа на медицинските науки 25,2 отсто, техничко – технолошките науки со 21,1 отсто. Останатите доктори на науки се од областа на хуманистичките науки, биотехничките и природно-математичките науки.

Од магистрите и специјалистите 2.202 или 90,2 отсто се магистри, додека 238 или 9,8 отсто се специјалисти.