Стартува новата сезона на Францускиот кино-клуб

Со прикажување на филмот „Брана на Пацификот“ в четврток, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, отпочнува новата сезона на Францускиот кино-клуб.

Стартува новата сезона на Францускиот кино-клуб

„Брана на Пацификот“ е филм од 2009 година, на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан. Во него настапуваат француската и глобална мега-ѕвезда Изабел Ипер и Гаспар Илијел.

Станува збор за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, која беше оценета како „одлична екранизација на книжевното дело на Дирас“ во критичкиот осврт на Ле Нувел Обсерватер. Ле Монд пак пишува дека е тоа „Филм со мистична алхемија, која двочасовно го обвива гледачот“.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Францускиот кино-клуб е редовна манифестација која ја организираат Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија.