[Фото] Стартува изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини во ЗОО Скопје

Скопската Зоолошка градина започна со изградба на живеалиштето за фламинга и пингвини, кое ќе се гради етапно. Според рокот се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.

Финансиите за живеалиштето се обезбедени од Град Скопје.

„Зоо Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом изграден по светски стандарди“, стои во соопштението на ЗОО Скопје.