Startup Grind настан во Скопје за успешни бизнис приказни

Глобалната заедница поддржана од „Google for Entreprenеurs“ – „Startup Grind“,  доаѓа во Скопје на 3 јуни. Настанот е организиран од од „Clear View Business Training Center“, а поддржан од Македонија 2025.

 Startup Grind настан во Скопје за успешни бизнис приказниЗа време на настанот присутните ќе можат да ги слушнат приказните на некои од најинспиративните и успешни претприемачи и иноватори од Македонија, да извлечат поуки од направените грешки, да најдат партнер и инвеститор за реализирање на идејата.

Startup Grid,  глобалната заедницата на претприемачи поддржана од Google се нарекува и TED за луѓе кои работат на развој на бизнис. Startup Grind Скопје е глобална заедница која едуцира, поврзува и инспирира претприемачи, активна е во 85 градови низ светот, а говорници биле основачот на Pinterest, LinkedIn, Digg, Meetup, Basecamp, и познатите Steve Blank и Clayton Christensen.

Целта на Startup Grind Скопје е да се поврзат сите луѓе кои работат (или имаат аспирација да работат) на креирање на успешни бизнис приказни во Македонија.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се споделуваат интересни приказни од иноватори, претприемачи и едукатори. Секој настан е комбинација на вмрежување со храна и пијалоци за сите и „fireside chat” – презентирање на сочните практични детали од развојот на една бизнис приказна. Скопје не е Силиконска долина за бизниси, велат тие, па ваква заедница е многу важна.

Првиот настан е најавен во вторник, на 3 јуни од 17.30 – 20.30 часот, во просториите на Matrix Global во Скопје. Говорник на него ќе биде Иван Медо Димоски, од тимот на TweetsPie – една од најуспешните андроид апликации, победник на Droidcon Eastern Europe 2013. Ќе има и изненадување: „pitch” на нова бизнис идеја, а како специјален гостин е поканет Chris Pavlovski, дел од Одборот на Македонија 2025, ко-основач Cosmic Development и извршен директор на Rumble.com кој ќе сподели совети за тоа што инвеститорите сакаат да видат во еден стартап.

Присутните веќе може да резервираат и купат билет кој чини 490 денари.