Стар римски мозаик пронајден под винови лози во Италија

Перфектно зачуван античко римски мозаик бил пронајден близу до италијанскиот град Верона.

Археолозите биле зачудени од пронајдокот, бидејќи е откриен скоро еден век подоцна на истата локација, каде што билe откриени остатоци од вила, изградена во 3 век п.р.н.е во ридската област над градот Неграр ди Валполичела.

Откако вилата била откриена во 1922 година, локалитетот бил напуштен, се додека тим од археолози не продолжиле со ископините минатото лето. Тимот се вратил на локалитетот во октомври и  повторно во февруари, но копањето било запрено поради пандемијата од коронавирусот.

Мозаикот бил пронајден на само неколку метри под винови лози, седум дена по повторното започнување со работа.

„Низ безбројни декади полни со неуспешни обиди, дел од под и темели од римска вила лоцирани северно од Верона, конечно се откриени“, истакнале властите од Неграр ди Валполичела на Фејсбук страницата на градот.

„Веруваме дека ова културолошко наоѓалиште ќе го добие вниманието кое го заслужува. Со здружени сили ќе најдеме начин како да го ставиме ова место на мапата“, истакнал градоначалникот на Валполичела, Роберто Грисон, за локалниот весник “Л’арена“.

Извор: Guardian