СТАР: Го одбележуваме 3 март – Mеѓународниот ден на правата на сексуалните работници

По повод Трети март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, од СТАР, првиот колектив на сексуални работници на балканот, ја нагласуваат потребата за признавање на човековите права во време на борба против насилство и угнетување.

„Овој ден нè потсетува дека сме дел од глобалната заедница на луѓе кои одбиваат да ја прифатат дискриминацијата и стигматизацијата на нашата работа. Ја цениме поддршката што ја добивавме низ годините од поединци, организации и останатите маргинализирани заедници и продолжуваме во борбата за нашите човекови права“, велат од СТАР.

По повод меѓународниот ден, од организацијата повикуваат и на преслушување на подкастот со Моника, една од сексуалните работници во заедницата. Оттаму додаваат дека таа за тоа зошто се одбележува токму овој ден, какво значење има, кои права на сексуалните работнички се најчесто прекршувани, каква би била нејзината работа доколку сексуалната работа е декриминализирана, со кои проблеми најчесто се соочува, колку и се смени нејзиниот живот откако ја откри маската и јавно проговори за својата професија.

За феминистичката платформа „Медуза“, Лила Милиќ, координаторка за мобилизација, едукација и превенција на терен во нашата организација, напиша авторски текст на тема „Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?” во кој пишува за правата на сексуалните работници, придобивките од декриминализацијата и почитувањето на работничките права на сексуалните работници, како и за тоа како можете да нѐ поддржите.