Стапи на функција првата судијка на Врховниот суд во Пакистан

Ајеша Малик, 55, е новата судијка која отсега ќе работи во пакистанскиот Врховен суд заедно со 16 машки колеги. Малик даде заклетва во главниот град Исламабад, пренесува „Би-Би-Си“.

Адвокатите и активистите сметаат дека ова е ретка победа по неколку декади водење борба за поголема женска репрезентација во пакистанското општество.

Дел од адвокатите и судиите се спротивставиле на функцијата на Малик, бидејќи според нив, таа имала помалку години, а со тоа и искуство од останатите кандидати.

Пакистан е единствената јужноазиска земја која претходно немала жена за врховен судија, забележуваат од „Хјуманс Рајтс Воч“. Дополнително, само 4 отсто од судиите во државата се жени.

Судијката Малик, завршила на Правниот факултет во Пакистан, а го продолжила своето образование на универзитетот Харвард. Минатата година, судијката Малик го отфрлила легалното употребување на „тестовите за девственост“ кои се користеле при полициските истраги врз жените кои преживеале силување.

Минатата година Малик не била избрана за Врховна судијка, а и оваа година повторно било протестирано нејзиното кандидирање, но таа била изгласана за функцијата со пет гласа „за“ и четири гласа „против“.