[Станица Студентска] Панорамско разгледување на „Студентско Скопје“

Студентските домови „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и Градскиот парк, беа само дел од местата кои денеска ги посетија младите кои беа дел од целодневниот студентски настан „Станица Студентска“.

Панорамско разгледување на „Студентско Скопје“Со организиран автобус за панорамско разгледување, студентите имаа можност да ги посетат најважните студентски локации во Скопје, како и да научат повеќе историски факти за овие значајни места во градот.

Едночасовната тура ја одржаа младите активисти од Младинскиот образовен форум, Марија Мирчевска и Петар Антевски, во соработка со проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Панорамското разгледување го проследија дваесетина волонтери од повеќе невладини организации.

„Целта на нашата тура беше да им ги претставиме студентските локации на волонтерите и да ги прикажеме местата каде што самите студенти се собираат или престојуваат “, изјави Петар Антевски, предавач од МОФ.