СТАНИЦА:СТУДЕНТСКА 2.0 [Целодневен настан за студентите]

Изберете си превоз и симнете се на Станица:Студентска ! – со овој повик, следниот четврток (5 декември), во новиот дел на Универзитетска библиотека Младински образовен форум ја организира втората Станица:Студентска, настан посветен на студентите.

Станица:СтудентскаНа настанок, кој почува во 12 часот, ќе бидат промовирани студентски и младински организации од Скопје преку своите штандови на НВО саемот, а целодневната програма предвидувa и трибина за студентски протести со домашни и активисти од Словенија и Бугарија, отворени работилници организирани од различни студентски организации, интерактивен простор, медиумски хаб и забава.

Целодневната агенда на Станица:Студентска вклучува:

Станица:СтудентскаСаем на студентски организации, преку кој студентите ќе може да се запознаат со различните младински и студентски организации, нивните активности и можностите да се приклучат;
– Јавната трибина „Студентски протести“, на кој ќе говорат студентски активисти од Македонија и Балканот
– Отворени работилници и предавања за 3Д принтинг и Мапирање на простор, Регулација на интернет, Роботика, Вонземска интелигенција, Обновливи извори на енергија, Волонтер на Олимпијада и други кон кои ќе може да се приклучат сите студенти
Панорамско разгледување на важни студентски локации во Скопје
Интерактивен простор – презентација на студентски културни центри низ Балканот и можноста за слични центри кај нас
– Медиумски хаб со новинари од младински медиуми
Забава 

Станица:Студентска

Станица:Студентска има за цел да ги промовира студентските организации од Скопје, да поттикне активно учество и членување во младински и студентски организации кај студентите и да поттикне јавна дискусија за прашањата кои ги засегаат.