Станица: Студентска 3.0. во четврток

Младинскиот образовен форум во четврток (18 декември) го организира настанот Станица:Студентска кој ќе се случува во Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

Станица:Студентска се случува трета година по ред, и има за цел промовирање на активностите на студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и дејствување. Настанот е можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области.

Затоа студенти, изберете си превоз и овој четврток симнете се на Станица:Студентска“, порачуваат од МОФ.

ПРОГРАМА

Перон 1

[12-17 часот] Саем на студентски организации

[12-17 часот] Изложба на постери и фотографии за студентскиот активизам во Македонија

[12-17часот] Студентски Survival, Сојуз на извидници на Македонија

Перон  2

[12-13 часот] За протестната меморија, медиумизацијата и социолошката имагинација, Игор Мицевски, Висока школа за новинарство

На средбата ќе се зборува за тоа дали протестниот сентимент може да произведе структура за поширока и потрајна општествена акција. Поради тоа што медиумите се клучниот инструмент за систематско инфантилизирање на студентите – ќе зборуваме за тоа дали е можно напукнување на ѕидот во кој медимумите се утврдени?

[13-14.30 часот] Јавна трибина: „Финансиските предизвици со кои се соочуваат високообразовните институции во Македонија“

[14.30-15.30 часот] Во лов на комета: Европската вселенска мисија Розета, Скопско астрономско друштво

Мисијата Розета на Европската вселенска агенција е мисија-темелник во истражувањето на карактеристиките и потеклото на едни од градбените блокови на Сончевиот систем – кометите.Со комбинација на далечинско набљудување и in-situ мерења, сондата Розета ќе ни ги открие тајните на овие објекти, како што и каменот Розета беше клучен во откривање на тајните на античките цивилизации. Сондата е веќе во орбита околу кометата и ќе остане таму до крајот на 2015 година. Ова предавањето ќе ги претстави досегашните достигнувања и идниот тек на мисијата.

[15.30-16.30 часот] Генетичко мапирање, Европска медицинска студентска асоцијација

Сте се прашувале ли некогаш како изгледа иднината? Голем број на холивудски филмови се обидуваат да ја прикажат на многу различни начини. Дали некогаш сте сакале да знаете колку вистина има во суперхероите и дали можат да постојат супер – луѓе? Дали можете да си изберете како да изгледа Вашето дете? Дали докторите можат да предвидат кои болести можат да се јават, кај кои луѓе и кога? Одговори на овие прашања може да добиете на предавањето организирано од Европската медицинска студентска асоцијација.

Перон  3

[12-14 часот] Работилница за активистички постери, Стефан Алексиќ, МОФ

Како да ја спакувам мојата иницијативата во еден постер?

Работилницата ќе прикаже како во кратко време користејќи едноставни методи може да изработите плакати/постери/флаери во фукција на вашата иницијатива. На оваа работилница ќе се презентираат и основните елементи од кои се состои еден графички дизајн (боја, композиција, простор, форма…). Работилницата ќе прикаже и неконвенциоални методи за дизајнирање, како на пример користење на Powepoint за изработка на постер.

Учесниците треба да носат свои лаптопи. Оние кои немаат инсталирано софтвери за работа, поканети се да дојдат порано за да го направат тоа заедно со модераторот на работилницата.

[14-17 часот] Анонимност на интернет: читај / пишувај / зборувај слободно,  Хаклаб КИКА

Колку е сигурно комуницирањето преку социјалните мрежи? Дали може да ги заштитите своите податоци на интернет? Дали е возможна анонимност на интернет? Одговори на овие прашања ќе добиете на работилницата организирана од Хаклаб КИКА. За време на работилницата, студентите ќе имаат можност практично да работат на своите компјутери, и да се здобијат со знаења како да користат програми кои ќе им овозможат анонимност на интернет.

1.Читај слободно
* Сакаш да истражуваш, но не сакаш да си го откриеш идентитетот?
*Што е Tor?
*Што треба / не треба да правиш додека сурфаш преку Tor?
*HTTPS

2. Пишувај слободно
*Сакаш да кажеш / објавиш нешто, но не сакаш да си го откриеш идентитетот?
*Анонимно блогирање
*Upload на податоци, тргање на метаподатоци
*Proprietary сервис vs. self-hosting

3. Зборувај слободно
*Сакаш да зборуваш на chat, но не сакаш да чита некој од страна?
* Енкрипција
*Дали е е ФБ медиум на кој може да има анонимна комуникација?
* IRC, Pidgin…

Чекална [13-17 часот]

Проекција на филмови и дискусија со студенти од Факултетот за драмски уметности

Автобус [13-14 часот]
Панорамско разгледување на студентско Скопје со Петар Антевски (МОФ)