„Stand by me“: Mихаела Јаневска ја обележа успешната битка со коронавирусот и го отпоздрави медицинскиот персонал

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас“, напиша Михаела Јаневска на својот профил, отпоздравувајќи ги сите со песната „Stand by me“.

По објавувањето на видеото, се огласи и Министерот за здравство Венко Филипче, кој исто така упати благодарност до Михаела.

„Голема благодарност и до тебе Михаела! Благодарам што го препознаваш трудот на здравствените работници и што си одговорна кон своите сограѓани. Михаела беше меѓу првите пациенти заболени од коронавирусот, а денес таа е целосно опоравена. Сама се пријави на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, веднаш по пристигнување на скопскиот аеродром и за време на целото патување носеше заштитна опрема“, истакна Филипче.