Стампедо од тинејџери во трговски центар во Нови Сад – тепачка за да се сликаат со јутјубер

Популарниот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како „Бака Прасе“ вчера предизвика хаос со неговото појавување во трговски центар во Нови Сад. На крај, полицијата морала да интервенира и извршила евакуација на насобраните тинејџери кои сакале да се сликаат со него.

„Бака Прасе“ е еден од најпопуларните јутјубери меѓу помладата генерација. Тој требало да се појави во трговскиот центар за јавен настан. Поради ова, се насобрала огромна бројка на тинејџери кои сакале да се поздрават со него и да се фотографираат, но денот завршил со искршени излози и неколку онесвестени, јавуваат српските медиуми.

По инцидентот, на социјалните мрежи се јави и Илиќ, кој напиша:

„Сликањето од самиот почеток беше подместено и во некои споредни ходници бидејќи трговскиот центар веќе беше преплавен. Сцената на која требаше да се одвива разговорот беше прегазена и организаторите одлучија да има само сликање. За жал, некои паднаа во несвест, изби тепачка, неколку штандови беа искршени, а двајца родители ми се закануваа дека ќе ми ја скршат кичмата бидејќи сум дошол и сум направил хаос со својата појава“.

Тој вели дека целата ситуацијата била напната бидејќи „некои деца биле повредени“ и како што вели, во почетокот бил обвинуван иако според него, тој немал врска со организацијата, туку дека е само гостин.

Илиќ им се заблагодарува на своите обожаватели кои отишле да го поддржат.