Стаклена фигура на улиците ја опишува „невидливоста“ на бездомниците

Изминатава недела на улиците на Бристол, Англија, се појавила стаклена фигура која „спие“ на картон. Целта е оваа скулптура да ја подигне свесноста за бездомниците во регионот.

Скулптурата е дело на уметникот Luke Jerram, во соработка со хуманитарната организација 1625 Independent People од Бристол. Накратко се појавила на улицата Парк, Бристол Бриџ и Стоукс Крофт.

Организацијата и уметникот се надеваат дека ќе направи луѓето да размислат за луѓето без покрив над главата, додека Божиќ се наближува.

„За секоја личност која ќе ја видите како спие на улица, има многу други кои спијат во хостели, заслништа и други незадоволителни и небезбедни форми на сместување“, вели Jerram за Mashable.

„Сакав да видам дали скулптурата ќе биде игнорирана и третирана како „уличен мебел“, како што често се третирани бездомниците во градот. Се надевам дека ова дело ќе ја подигне свесноста за проблемот и јавноста ќе биде поттикната да ја поддржи хуманитарната организација, за заедно да направат промена“.

1625 Independent People ја лансирале и кампањата Early Doors, чија цел е да собере средства за млади лица за посредување и советување за да се избегне бездомништвото каде што е можно.