Stacey Pullen викендов во Сектор 909

Клубот Сектор 909 продолжува со петочните техно-забави – Sonny Fodera, Grapmophondzie. Robert Dietz и Ison, овој петок (6 септември) на ред е детроитска ѕвезда Stacey Pullen.

Stacey Pullen викендов во Сектор 909

Pullen доаѓа од втората генерација на детроитското техното, растен под менторство на легендарните тројца: Derrick May, Juan Atkins и Kevin Saunderson. Започнува активно со продукција и диџејство во раните деведесетти, а во 1993 го добива и својот прв европски настап. Тој е сопственик на издавачката куќа Black Flag, која се уште активно работи, но својата слава ја добива најмногу поради неговите диџејски способности. Тој е исклучителен диџеј, пушта хаус и техно музика веќе 20 години секој викенд и има огромна енергија на секој настап.

Stacey долго време не бил во Македонија, а во петок првпат ќе настапи во клубот Сектор 909. Како загревање пред неговиот настап ќе настапи диџеј Базел. Забавата започнува на полноќ а влезот е 300 денари.