ССНМ со акција за солидарност со дописниците

ССНМ со акција за солидарност со дописницитеСоочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат новинарите, фоторепортери и снимателите кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници почнува акција за Солидарност со дописниците во период од 15 – 21 септември.

Оттаму ги повикаа сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат солидарност, така што во текот на неделата ќе носат за таа цел специјално изработени машнички во црвена и бела боја кои можат да се добијат од синдикалните претставници во вашиот медиум или директно во ССНМ.

– Со акцијата сакаме да покажеме дека знаеме и не се согласуваме што нашите колеги кои со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, се третирани како „новинари од втор ред“ во македонските медиуми кои можат лесно, преку ноќ, да бидат отпуштени без обештетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години. Ве повикуваме да ни се приклучите и заедно со симболично носење на црвено-белите машнички за да алармираме за ситуацијата на нашите колеги која е во спротивност со елементарното човеково право за достоинствена работа, се вели во повикот за акцијата.