ССНМ: Правата на медиумите се уште на лажичка

Новинарите иако пишуваат за правата на работниците по другите гранки и дејности, најчесто молчат за сопствените права како вработени. Тие не ретко се подложни на злоупотреба од работодавачите со најчесто објаснување дека така налага природата на работата или пак, многу често нема никакво објаснување. Судејќи според состојбите, се чини дека и  новинарите и медиумските работници, генерално  го прифаќаат објаснувањето како аксиома. Причините не се наивни и за потценување, но целата состојба нема да се промени воопшто доколу останат индиферентни, објави Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Текстот со истражувањето на ССНМ ви го пренесуваме во целост:

Линијата на помал отпор по која се движат новинарите во прифаќање на непочитување на нивните работнички права ја објаснуваат со стравот реперкусии или евентуално добивање отказ доколку се пожалат, но и со реално малиот пазар на трудот на кој би можеле да побараат нова работа со подобри услови.

„Знам дека одморот не ми е според закон, работам на празници а за тоа не добивам ниту пари, ниту слободен ден, но кому да се жалам? Колегите молчат,  молчам и јас. Денес лесно си заменлив во нашата работа. Неодамна на место на колега кој си замина донесоа човек кој никогаш не го работел тоа, почетник. Во такви услови за какви права да се буниш“, вели медиумски работник кој сака да остане анонимен.

Свесни за таквиот став или може е подобро да се каже страв на вработените, работодавачите се во релативно комотна позиција  па се повеќе ги намалуваат работните права.

МН: Непознавање на трудовото право

Една од причините што придонесува  кон ваквата состојба е и фактот дека повеќе од половина од новинарите и медиумските работници никогаш не го ни прочитале Законот за работни односи, со што би се запознале со своите права. Тие често не знаат колку денови годишен одмор им следува според Законот, кој е начинот на исплата на плата, регулирање на работа на празник, услови на сменска работа, компензирање на прекувремени работни часови.

Анкетата спроведена на почетокот на март, на која одговорија 86 новинари и медиумски работници, покажа дека познавањето на колективното договарање е на многу ниско ниво. Речиси половина изјавиле дека не знаат дали висината на платата се регулира со Колективен договор, а една третина одговориле погрешно. Со други зборови само една третина од испитаниците точно одговориле на поставеното прашање.

Само една третина од испитаниците дадоа точен одговор

Само една третина од испитаниците дадоа точен одговор

Во  однос на правата кои според Законот за работни односи треба да ги имаат новинарите, анкетата покажа дека најмногу прекршувања има во делот на работа на празници и прекувремена работа.

Дури 72 проценти од анкетираните одговориле дека на никаков начин не им се надоместува таквата работа, додека многу помал е процентот на оние кои одговориле дека им се надоместува во слободни денови или во пари.

Повеќето новинари и медиумскиработници не се платени за прекувремена работа

Повеќето новинари и медиумскиработници не се платени за прекувремена работа

Голем степен на прекршување ЗРО има и во делот на користење на одмор по 40 работни часа во текот на една недела. Речиси 45 проценти од анкетираните одговориле дека не добиваат 24 часа одмор по исполнети 40 работни часа неделно.

Во некои медиуми постои пракса на дежурства на новинарите за викенд, без право на користење слободен ден потоа, со што тие се на работат континуирано 12 дена без одмор. Ова особено е присутно во телевизиите.

Работење без одмор и по 40 часа неделно е особено присутно во телевизиите

Работење без одмор и по 40 часа неделно е особено присутно во телевизиите

„Во 26 дена имам само два слободни дена за одмор. Тоа е многу напорно и неиздржливо темпо на работа. Баравме да ни даде барем еден слободен ден потоа, но безуспешно. Се вадат дека сме малку луѓе, дека и по другите медиуми се работи така. Дури ни рекоа, ако не ви одговара одете си, има новинари кои чекаат за работа“, ни изјави телевизиски новинар кој сака да остане анонимен.

Правото на  платен годишен одмор е уставно загарантирано право, но посебна приказна е користењето на годишниот одмор во медиумите. За оваа има безброј примери на прекршување на Законот – од непочитување на бројот на денови за користење на одмор, до одработување на сопствениот одмор, ограничување на периодот за користење на одмор, влегувањето на празниците и викендите во денови од одморот.

Според Законот, работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, а максимум на 26. Работодавачот е должен  на  работникот да  му обезбеди искористување на минимум 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година и тоа споени, а остатокот до 30 јуни идната година.

Во медиумите најчесто не се почитува правилото на секои 5 години работен стаж да му се даде на работникот ден плус во годишниот одмор.

Во медиумите најчесто не се почитува правилото на секои 5 години работен стаж да му се даде на работникот ден плус во годишниот одмор.

„Во медиумот каде што работам во одмор се пресметувааат и празниците и викендите, поточно се бројат календарски, а не работни денови за одмор“, ни изјави снимател од една национална телевизија.

Со ваква пракса во својот медиум се соочуваат 30 процентни од вработените новинари и медиумски работници.

Искуството на вработен, пак, во техника во друга приватна национална телевизија ,е како што вели, да си го одработи годишниот одмор.

„Работам сменски во техника и кога се летните одмори работното време ми се удвојува т.е. ми се кратат слободните денови и часови кога колегите ми се на одмор. Кога јас сум на одмор истото им се случува и на нив. Не дај боже на двајца истовремено да им се преклопат одморите… Излегува дека си го одработуваме годишниот одмор. Така е од првиот ден кога се вработив тука“, ни изјави тој.

Сепак има и примери каде годишниот одмор се определува и се спроведува генерално според Законот.

„Ги добиваме сите 20 денови предвидени со Законот и плус денови според работен стаж. Имам 22 дена. Но ми пречи што ни го кратат законскиот рок за користење на заостанатите денови. Тој е до крајот на јуни, а ние обично смееме да ги користиме до април-мај“, ни вели новинарка вработена во весник.

Во анкетата специфичен одговор беше добиен на прашањето: Дали е дозволено синдикално организирање во медиумот­?

Според Законот, работодавачот не смее да го попречува синдикалното организирање. Забрането е вршење притисок врз членовите на синдикатот и нивните претставници. Сепак, со години во поголемиот дел од медиумите во Македонија немаше синдикално организирање. Менаџерите и уредниците или отворено го забрануваа или премолчено не дозволуваа такво нешто да профункционира.

Состојбата денеска е малку сменета во позитивна насока, иако се уште има медиуми каде синдикалното организирање е табу тема

Состојбата денеска е малку сменета во позитивна насока, иако се уште има медиуми каде синдикалното организирање е табу тема

Состојбата денеска е малку сменета во позитивна насока, иако се уште има медиуми каде синдикалното организирање е табу тема. Анкетата на виделина изнесе и податок дека има медиуми каде се дозволува синдикално ораганзирање, но само формално и на тоа не се гледа пријателски. Таков одговор дале дури 32 проценти од анкетираните.  Дека е дозволено синдикално организирање во нивниот медиум, макар и формално одговориле 62 проценти.

МН: Работиме за плата која често доцни

Постои подобрување во однос на начинот на исплата на платата. Имено, за разлика од порано кога често се случувало дел од платата да се исплаќа на рака, сега е тоа повеќе исклучок отколку правило. На ова прашање од анкетата на ССНМ,  дури 93 проценти одговориле дека им се исплаќа целосна плата, додека 5 проценти одговориле дека не ја добиваат целата договорена сума. На 2 проценти од анкетираните им се исплаќа вкупната сума, но не целосно на трансакциска сметка, туку дел на рака, во кеш.

Ова пак наведува на проблем дека дел од новинарите и медиумските работници се оштетени од работодавачите поради тоа што придонесите кои им се плаќаат, пред се во пензискиот фонд, не се на вкупната сума која ја добиваат како плата, туку на многу пониска сума која тие ја пријавуваат како плата на новинарот или медиумскиот работник.

Прашањето пак, за редовноста на исплатата на месечната заработувачка, покажува драстичен пад во позитивниот одговор дека тоа се прави според законски утврдениот рок  – за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец и најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Навремена исплата на платите добиваат 44 проценти од анкетираните, додека 15 проценти одговориле дека платата никогаш не ја добиваат до 15-ти во месецот.

За мнозинството новинари и медиумски работници – платата доцни

За мнозинството новинари и медиумски работници – платата доцни

„Во мојот медиум не сум се соочил со сериозна повреда на Законот за работни односи, освен со задоцнување на исплатата на плата и прекинот на исплаќање на празнични дневници. Другите аспекти на Законот во делот на слободни денови, платено и неплатено отсуство и други права биле во целост почитувани“, е искуството на новинар од печатен медиум.

Слично искуство со доцнење на плата имале дури 30 проценти од анкетираните, од кои за 32 проценти доцнењето било речиси редовна пракса во медиумот. Инаку во Законот е предвидено дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работење на фирмата на работодавачот.

Од спроведената анкета може да се каже дека новинарите од своите права како вработени, најдобро го знаат правото да бидат информирани како се пријавени – на определено или на неопределено работно време.

Дури 94 проценти одговориле дека знаат каков им е договорот за вработување, а само еден процент на ова прашање одговориле негативно, а 4 проценти не знаат каков договор за работа имаат со медиумот каде се вработени.

Од спроведената анкета може да се каже дека новинарите од своите права како вработени, најдобро го знаат правото да бидат информирани како се пријавени

Од спроведената анкета може да се каже дека новинарите од своите права како вработени, најдобро го знаат правото да бидат информирани како се пријавени

Законот предвидува дека може да се склучи договор за работа на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин, до пет години. Договорот за определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време ако работникот работи повеќе од две години на тоа работно место, а за кое работодавачот има потреба и се обезбедени финансиски средства.

Власта го искасапи ЗРО на штета на работниците

Во текот на годините Законот за работни односи (ЗРО) беше во неколку наврати менуван на штета на работничките права. Во Законот има многу недоречености кои им оставаат простор на работодавачите, вклучително и сопствениците и менаџерите на медиумите, да го толкуваат на начин на кој кратењето или неовозможувањето на некои од правата пропишани во него да го објаснуваат со специфика на професијата.

Законодавецот во голем дел од одредбите дозволува истите да бидат „заобиколени“ со додавката дека тоа право не мора да важи доколку така налага процесот на работа – сменска работа, непрекината работа – што не ретко го користат сопствениците на медиумите.

Генерално ,може да да се констатира дека работничките правата кои ги имаат новинарите и медиумските работници денес се поголеми од оние кои ги имале пред 10 -15 години, особено во делот на договорите за вработување на неопредлено време и целосна исплата на платите преку трансакциска сметка, а со тоа и регулирање на сите придонеси кон држават што тоа го повлекува.

Сепак, рак рана на новинарите и медиумските работници останува непочитувањето на законското право на одмор, како недефинираната најниска плата во фелата, степен на образование кој треба да го имаат новинарите и валоризирањето на работното искуство при пресметување на плата и поставување на уреднички позиции.

Овие дупки и недоречености во Законот за работни односи, како документ кој ги дефинира минималните права на работниците, ССНМ ги пополни со изработка на нацрт-колективен договор за новинарите и медиумските работници, кој доколку биде прифатен, во многу ќе ги подобри работничките права на новинарите и медиумските работници.