Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) дава поддршка и му се приклучува на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост.
„На 8 март 1977 година, Обединетите нации го востановија Меѓународниот ден со кој се одбележува борбата за правата на жените. Денес, 40 години подоцна, кога се повеќе жени новинарки се изложени на дискриминација во однос на работните обврски, во плати, кога се изложени на психичко, физичко, а во последниве години и на интернет малтретирање наша одговорност како Синдикат и како новинари е да го подигнеме гласот за родова еднаквост“, соопштуваат од ССНМ
Ако работничките на Newsweek пред речиси половина век први во историјата поднеле тужба против дискриминација, велат тие, не смееме да дозволиме во 21-от век да ни недостасува храброст и солидарност.
„Медиумите не можат да бидат слободни доколку женските гласови се замолчени. Затоа ССНМ дава поддршка и му се приклучува на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување!“, стои во соопштението на Синдикатот.