ССМ: Работниците да не потпишуваат бланко листови или спогодби за престанок на работен однос

„Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работен однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави“, истакна Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Сличен апел упати и премиерот Оливер Спасовски, кој побара од работодавачите да покажат солидарност и да понесат дел од товарот. Потсети дека работниците се заштитени со Законот за работни односи.

Од Државниот инспекторат за труд, пак,  ги повикаа работниците да пријават до нив секое присилно отпуштање. Директорот на инспекторатот, Аљадин Хавзиу, истакна дека ќе постапуваат секаде каде што ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи.