Српското дуо „Roll the drums“ ќе настапува во МКЦ

„Време е да го вратиме басот во скопската ноќна сцена“.

Вака оди најавата за 29 ноември (петок), кога во МКЦ за прв пат настапува дуото „Roll the drums“ од Белград, Србија.

„Никола Станковиќ и Драгутин Чулиќ се дел од колективот ‘Roll The Drums’, и оваа вечер ќе ни покажат како се правеа журки на времето. Диџеј и емси спремни за да ја растресат Денсинг салата во МКЦ“, се вели во најавата за настанот.

Како домаќини на вечерта, аудиториумот ќе ги слушне и GAME OVER (Трајче Петрушевски)  и Gotzeh (Гоце Велевски) кои ќе ја загреат атмосферата до кулминацијата, а на крајот од вечерта ќе се одржи „back to back to back“ сесија од тројцата диџеи и Дон Дада како емси.

Журката започнува во 00:30 часот, а ќе заврши во 4 часот. Влезот е бесплатен.

Овој настан се одржува во склоп на „PIN MUSIC Conferenca & Showcase“, со поддршка на „Таксират“.