Српскиот претседател Вучиќ се сликаше со индексот, по вторпат оди на факултет

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, утрово на својот Инстаграм профил објави дека повторно ќе биде студент. Тој постави слика со индексот и објави дека ќе студира на Високата спортска и здравствена школа, со намера да стане сетски кошаркарски тренер.

„Втор пат во животот станав студент, сега на Вишата спортска школа за стручни студии, со желба да бидам кошаркарски тренер за деца. Не би поверувале колку сум среќен што по многу години почнувам да ги остварувам моите детски соништа”, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател во деведесеттите има дипломирано на Правниот факултет во Белград.