Српскиот министер за образование погрешно одговори на прашање од тест за мала матура

Министерот за образование на Србија одговори неточно на едно од 12 прашања од збирката за мала матура. Министерот Toмислав Јовановиќ кој е професор на Медицинскиот факултет, неточно одговори на прашање од биологија, објави Блиц.

Српскиот министер за образование погрешно одговори на прашање од тест за мала матура

„Трагедијата е уште поголема бидејќи и одговорот во збирката е неточен, што потврдува дека збирките како и целиот проект – мала матура е лошо направен , објавува весникот.

Министерот невешто се обидел да се оправда за неточниот одговор.

„Намерно дадов погрешен одговор за да укажам на апсурдност на тоа прашање. Такви прашања не смеат да се појават во збирката, ниту на завршниот испит…Од 12 прашања што ми ги поставија новинарите, само на едно одговорив неточно, но нема да трпам таков однос кон мене како професор на Медицинскиот факултет“, вели Јовановиќ за Блиц.

Прашањето на кое министерот во интервју за Б92 не го знаел одговорот било:

– Кој од наведените процеси што се одвиваат на земјата има спротивна насока од останатите: дишење, испарување, кондензација или транспирација?

Министерот одговорил дека тоа е транспирација, а во збирката пишува дека точен одговор е – кондензација.

„Точен одговор е дишење. Значи погрешиле министерот и оние кои ја пишувале збирката во која се наведува дека тоа е кондензација“, вели за весникот Весна Сурчински, професорка по биологија која се консултирала со колеги.

Со признавањето дека во збирките за тестовите постојат апсурдни прашања, министерот ги потврди пишувањата во медиумите дека воведувањето трет тест за учениците ќе направи само штета, пиува Блиц.

„Во проектот мала матура вложени се пет милиони евра, а оние кои составуваат прашња, добија големи пари за тоа. Очекувам од нив да исправат што треба да знаат осмооделнците, како што е ветено и на третиот тест да добијат прашања од основното образование“, наведува министерот.