Српски јутјубер преку ноќ ја прослави серијата „Курсаџии“ на IMDb

Српската ситком серија „Курсаџии“, која беше проект на Гранд продукција, опфати цела една генерација. Сега српскиот јутјубер Марио Вреќо се потруди повторно да ја прослави преку ноќ.

Серијата до пред неколку дена немаше никаков рејтинг на IMDb, а потоа преку ноќ стана најдобро оценет серијал на овој сајт. Повеќе од 15.000 луѓе го оценија овој ситком со оценка 10 и на тој начин го поставија на самиот врв на оваа филмска база на податоци.

Јутјуберот Вреќо реши да направи експеримент и да ги покани своите следбеници да отидат на IMDb и да дадат десетка на серијата. Тој се снимаше преку својот Инстаграм профил и реши да натера 10.000 од неговите 45.000 следбеници да му помогнат во мисијата.

Тој се потруди и за визуелниот идентитет на „Курсаџии“ на IMDb. На запуштената страница додаде фотографии, описи, но и своето име меѓу актерите од серијата.

Српскиот јутјубер неколку дена чекаше неговите фанови да го подигнат рејтингот на серијата на IMDb, а целиот процес го сними за Јутјуб.

Резултатот стигнал брзо. Над 15 илјади луѓе дале десетка на серијата, а над 500 корисници оставиле и коментар.

Ако сега го напишете името на споменатиот ситком во пребарувањето на IMDb, ќе видите дека го дели првото место со неколку достигнувања.