Средношколците во промоција на мултикултурализмот и толеранцијата

Средношколците во промоција на мултикултурализмот и толеранцијатаСо цел промоција на мултикултурните вредности и одбележување на 16 ноември,  Меѓународниот ден на  толеранцијата, учениците од скопските училишта ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ и СГГУ „Здравко Цветковски“, ќе организираат јавен настан во Веро Центарот под мотото „Мултикултурализмот наш заеднички стремеж и остварување”.

Настанот се организира утре(15 ноември), со почеток од 13 чесот, а во рамките на иницијативата ,,Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“.

Протоа учениците од двете мултиетнички училишта ќе реализираат двочасовна програма во која ќе изнесат дел од културното богатство на македонскиот, албанскиот, ромскиот, турскиот и српскиот етникум. Иницијативата е покрената, планирана и организирана од страна на самите средношколци. Преку читање поезија, музички настапи, ликовна колонија, промоција на училишен весник, делење на флаери и презентирање на позитивни примери на меѓуетничка интеракција на младите во пракса, ќе упатат порака и повик до пошироката јавност за создавање на сигурни заеднички простори за меѓуетничка интеракција и разбирање на мутикултурализмот како вредност која не спојува.

Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура“.