Средношколците ќе добиваат за 500 денари повисока стипендија

Средношколците ќе добиваат за 500 денари повисока стипендијаСредношколските стипендии ќе се зголемат за околу 25 проценти, а заостанатите стипендии ќе бидат исплатени во текот на следните две недели. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски кој додаде дека зголемувањето не било реализирано во изминатите девет месеци поради изборниот период.

Зголемувањето од 25 проценти всушност значи дека секој средношколец кој зема стипендија, месечно ќе добива 500 денари повеќе.

Ваквата одлука беше донесена уште на почетокот на оваа година и се однесува на сите категории на ученички средношколски стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука.