Средношколците ја симулираат работата на Европските Парламентарци

Средношколците ја симулираат работата на Европските ПарламентарциПочнувајќи од 18-ти до 20-ти февруари Меѓународното училиште „НОВА“ е домаќин и организатор на третата национална конференција на Европскиот Парламент: Модел Европски Парламент (МЕП) – Македонија.

На овој настан ќе  учествуваат седумдесет ученици од дваесет и едно средно училиште од Република Македонија. Сите овие ученици се дел од МЕП клубовите во нивните училишта каде учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. МЕП клубовите  функционираат како дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта.

Учениците кои ќе учествуваат на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Тетово, Битла, Струга, Охрид и Крушево.

Овој настан, е само еден од низата настани на оваа програма каде преку практична работа учениците ги вежбаат вештините и знаењето кое го стекнале на предавањата во нивните МЕП клубови. На самата конференција, поделени во три Комитети на Европскиот Парламент, учениците ќе дискутираат, дебатираат,  пишувааат резолуции за најважните прашања во Европа во областите: надворешни работи,  економија и граѓанските права и слободи.

Конференцијата МЕП ќе заврши со целодневна симулација на Генералното Собрание на Европскиот Парламент која ќе се оддржи во Градското Собрание на Град Скопје.

На финалниот настан говор ќе оддржат заменик премиерот за Евроинтеграции г-динот Фатмир Бесими како и директорот на  гимназијата г-динот Виктор Новаковски.

На симулацијата покрај седумдесет ученици од цела Македонија, ќе учествуваат и дваесет професори од училиштата каде што се спроведува оваа програма.

Третата национална симулација е поддржана од ЕУ Инфо центар и Секретаријатот за Европски Прашања на Владата на Република Македонија.