Средношколски видео конкурс на тема „Сите различни – сите еднакви“

Младинскиот совет при амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, организира видео натпревар за средношколци.

Темата на натпреварот е „Сите различни-сите еднакви“ со цел да се подигне свеста за интеграција и еднаквост. Притоа, 20 средношколци ќе бидат избрани да учествуваат на две работилници за изработка на видео и само тие ќе можат да учествуваат во видео натпреварот.

Првата работилница ќе биде на тема „Снимање и развивање на приказната“ на 8 ноември во просториите на Националниот младински совет на Македонија, со почеток од 10: 00, а ќе трае до 17: 30 часот.

Втората работилница ќе се однесува на монтажата и пост-продукцијата на видеото, на 20 февруари во Американското катче во Скопје, во периодот 10: 00-17: 30.

На работилниците можат да учествуваат само средношколци кои се запишани како редовни ученици и кои течно го зборуваат англискиот јазик. За потребите на работилницата потребно е со себе да понесат мобилен телефон или камера бидејќи снимањето на видеото ќе биде со лична опрема, како и лаптоп на кој ќе можат да го монтираат видеото.

Избраните улесници ќе се натпреваруваат со видео од две минути на наведената тема. Гласањето ќе биде преку онлајн анкета и  преку гласање на жири од Младинскиот совет. Оној кој ќе освои прво место ќе добие камера, второто место добива таблет, а третото место флеш диск.

Крајниот рок за пријавување е до 29 јануари, а тоа може да се направи со апликацијата која е достапна на овој линк.